Технологијата знае за нас повеќе одошто би сакале

Објавено на 27.09.2019 22:31 во Рецензија


Технологијата знае за нас повеќе одошто би сакале

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Сакале или не, нашето тело го открива она што би го зачувале во нашата глава. Технологијата се повеќе ги хакира нашите мисли, чувствата и намерите на корисниците, под тврдењето „организмот е алгоритам“. Заборавете на тоа дека секогаш може да ги сокриете своите најголеми тајни, мисли, чувства и намери. Потенцијалот на технологијата не открива целосно, тврдат невролозите.

Експертите тврдат дека учиме како да ги контролираме своите реакции, изрази на лицето и грубиот говор на телото. Меѓутоа, за одредени телесни реакции се уште не сме свесни. Но, затоа е свесна технологијата за нив.

Почнувајќи од фактот дека одговорот на биологијата (она што се случува во нашето тело) на надворешни влијанија, ја открива внатрешната психолошка и емоционална состојба на личноста. Измерено е колку јаглерод диоксид испуштаме со еден здив кога чувствуваме страв, колку ни се шират зениците кога сме лути, како се менува температурата на одредени делови од телото кога сме под стрес. Сето тоа може да се измери со помош на специјални уреди лоцирани во просториите во кои престојуваме или просторот низ кој се движиме. 

Денешната технологија лесно може да открие во каква психо-емотивна состојба сме. Технологијата може да го предвиди нашето ментално здравје, анализирајќи ја динамиката на нашиот говор и тонот на гласот. Уредите за нас знаат повеќе одошто знаеме самите за себе.

Новите откритија го демонстрирале хемискиот состав на здивот од публиката што го слушала нејзиното предавање. Кога на големиот монитор во салата бил пуштен исечок од хорор сцена, не биле очигледни промените во видливи реакции, туку хемискиот состав на здивот што го детектирале уредите во салата, открил дека дошло до промена на емоциите кај публиката. Иако сите присутни во публиката не покажувале свесно, технологијата со хемискиот состав на нивниот променет здив, го прочитала стравот.

Што ни преостанува да правиме во овој случај? Ако сте паметни, нема да дозволите да се концентрираат премногу податоци во рацете на мал број на луѓе. Нашата цел треба да биде да не не манипулираат оние што ги контролираат податоците. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.