Што да правите во случај на „смрт“ на iPhone и Android

Објавено на 30.09.2019 во Рецензија


Што да правите во случај на „смрт“ на iPhone и Android

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Доколку телефонот ви блокира, а не сакате да го носите на мајстор, може да пробате со овие едноставни совети, без разлика дали имате iPhone или Android. Доколку телефонот престане да функционира, се замрзне или едноставно се блокира на друг начин, постојат едноставни начини за да го оживеете вашиот телефон.

iPhone

1. Приклучете го телефонот на полначот.

Постои шасна телефонот да останал без батерија и затоа не сака да се вклучи. Така, најдобро е да го оставите на полнење неколку минути пред да пробате некој од следните чекори.

2. Рачно рестартирајте го телефонот.

Притиснете и задржете го Power копчето на телефонот, се додека на врвот на телефонот не се појави "Slide to power off" опцијата со слајдер, кој ќе го поместите кон десно со цел да го исклучите телефонот. Почекајте неколку минути, па притиснете на Power за повторно да го вклучите. Ако со ова нема резултати, преминете на следниот чекор.

3. Натерајте го телефонот да се рестартира. Ако iPhone не реагира на споменатите методи, можете присилно да го рестартирате.

- iPhone 8 и 8 Plus: Брзо притиснете го копчето за засилување на јачината на звукот, копчето за намалување на звукот и потоа притиснете го Power копчето додека не го видите логото на Apple на екранот.

- iPhone 7 и 7 Plus: Задржете го копчето за намалување на јачина на звук и Power копчето истовремено, се додека не го видите логото на Apple на екранот.

- Сите други iPhone модели: Задржете ги Home и Power копчето истовремено, се додека на екранот не се појави „јаболкото“.

4. Употребете го iTunes за да го рестартирате телефонот.

Ако се уште не можете да го одмрзнете телефонот, време е да го вратите во живот преку iTunes. Поврзете го iPhone со компјутер и отворете го iTunes, па одете на iPhone страницата. Тука одберете ја опцијата Restore iPhone, и следете ги понатамошните инструкции. Ако немате правено бекап на телефонот, тој после оваа процедура ќе се врати на фабричките подесувања.

ANDROID

1. Приклучете го на полнач.

Постои шанса телефонот да остане без батерија и затоа не се вклучува. 

Најдобро би било да го оставите да се полни неколку минути пред да ги пробате следните чекори.

2. Обидете се да го исклучите регуларно. 

Притиснете и задржете го Power копчето на телефонот се додека не се појави менито за исклучување, на кое ќе ја одберете опцијата за исклучување на телефонот. Ако ова не ви успее, преминете на точка 3.

3. Присилете го телефонот да се рестартира.

Ако телефонот не реагира на Power копчето или на допирите низ екранот, обидете се присилно да го рестартирате. Кај повеќето Android телефони тоа може да го направите така што истовремено ќе го задржите притиснато Power копчето и копчето за зголемување на јачината на звук во рок од 10 секунди. Ако оваа комбинација не функционира, тогаш пробајте со копчето за намалување на јачината на звук.

4. Направете фабрички рестарт ако телефонот не сака да се вклучи.

Ако ја одберете оваа опција треба да знаете дека таа ќе ги избрише сите податоци што ги имате во телефонот.

- Исклучете го телефонот;

- Држете ги копчињата за Recovery mode, се додека не се појави соодветниот екран. Овие копчиња се разликуваат од телефон до телефон:

# Кај повеќето Android телефони би требало да ги држите копчињата за појачување и намалување на звукот;

# Кај Samsung моделите треба да го задржите и Home копчето.

Со помош на копчето за намалување на звук на менито одберете го Recovery и потоа притиснете го копчето за вклучување на телефонот со цел да ја одберете оваа опција. Потоа одберете Wipe data/factory reset и притиснете го Power копчето, потоа Yes за да потврдите. Кога ќе заврши цел процес, телефонот ќе се рестартира и сите подесувања ќе бидат вратени во фабричка состојба.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони