iPhone - Ако го продавате, добро е прво да го направите ова

Објавено на 02.10.2019 07:30 во Рецензија


iPhone - Ако го продавате, добро е прво да го направите ова

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Постојат неколку важни нешта што треба да ги направите пред да се случи промена на сопствеништвото на вашиот iPhone. Многу е важно да ги следите сите овие чекори доколку сакате да ги задржите своите лични податоци, но и да се погрижите за да не завршат во погрешни раце.

1. Направете бекап. 

Првото нешто што мора да го направите е да го зачувате својот разум, односно сите ваши податоци. Направете бекап на сите ваши податоци. Погрижете се да ја имате најновата верзија на iTunes на вашиот компјутер. Поврзете го iPhone со компјутерот. Кога ќе го открие iTunes, одете на File > Devices > Back Up. Бидете сигурни дека се е бекапирано како што треба, така што ќе одите на Preferences > Devices и ќе го проверите времето на последниот бекап.

Податоците може да се бекапираат и без компјутер, така што ќе подигнете се на iCloud. Одете во сетинзите на смартфонот, одберете го вашето име и тапнете на иконката iCloud. Скролајте се до опциите iCloud Backup > Back up now. Системот автоматски ќе ги бекапира сите ваши фотографии, барања, документи и други податоци. Кога ќе земете нов телефон, сите податоци може да ги вратите од iTunes или iCloud.

2. Деактивирајте го својот смартфон.

Кога е активирана функцијата Find My iPhone, тоа би можело да ја блокира активацијата на новиот корисник. Затоа е најдобро да ја деактивирате. Одете во Go to Settings > Your Name > iCloud > Find My iPhone и исклучете ја оваа опција.

3. Одлогирајте се од iMessage.

Ова е важно за сите што планираат да преминат кон Android софтвер. Сепак е добра идеја да се одлогирате. Одете во Settings > Messages > Deactivate iMessage.

4. Одлогирајте се од iCloud.

Apple ги советува сите што имаат iOS 10 или понова верзија да се одлогираат од iCloud, но и iTunes и App Store, пред да го продадат уредот.

- Ако користите iOS 10.3+, одете во Settings > [вашето име] > Sign Out

- Ако имате iOS 10.2 или понов, одете во Settings > iCloud > Sign Out

5. Избришете се.

На овој начин никој нема да може да њушка по вашите податоци. Време е да го избришете својот телефон. Одете во Settings > General > Reset > Erase all Content and Settings и одобрете, односно штиклирајте се.

Заклучок

Направете ги овие чекори задолжително, со цел да ја зголемите личната безбедност на интернет, зашто во спротивно, би можело лесно да дојде до злоупотреба на вашите профили, лозинките, итн.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.