Дали Facebook ќе го детронизира Цукерберг?

Објавено на 07.10.2019 во Рецензија


Дали Facebook ќе го детронизира Цукерберг?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Притисок за промени

 

Negatives:

 

- Преголема моќ сконцентрирана во еден човек и една компанија



Целата рецензија

Како што се наближуваат претседателските избори во САД закажани за ноевмри 2020 година, така се повеќе ќе се врти вниманието на регулаторите кон технолошкиот гигант Facebook кој има апсолутна доминација врз сферата на социјалните мрежи. Повторување на скандалите од 2016 година каде што Демократската партија се уште не може да го прости поразот со влијанието на руските трол фабрики и ширењето на лажни вести во корист на Доналд Трамп е неприфатливо. Затоа ќе се зголемува и политичкиот притисок врз Facebook да направи промени во начинот на управување и носење одлуки.

Кој ќе ја ограничи моќта на Цукерберг?

Според Џоел Петерсон, професор на Стенфорд Универзитетот и претседавач на JetBlue компанијата, Марк Цукерберг, актуелниот основач и главен и извршен директор, мора да се откаже од дел од својата моќ која полека се претвора во авторитарност. Цукерберг има целосна контрола над бордот на директори со двостепеното носење на одлуки и практично целата моќ е сконцетрирана во негови раце.

Од една страна Цукерберг направил се што може за да ја контролира компанијата која ја основаше практично кога се уште беше тинејџер, а од друга страна пак ќе ја сноси и целата одговорност за технолошкиот бенемот кој се заканува дека ќе ги наруши демократските процеси во земји како САД, Велика Британија, Франција и други со бројните скандали со манипулирање на податоците на корисниците за таргетирано политичко рекламирање.

Петерсон препорачува Цукерберг да воведе нови политики на добро управување со кои ќе гарантира дека со Facebook не управува автократ, туку дека има простор за различни ставови и мислења и на тој начин да ја врати довербата од страна на корисниците, а уште поважно на политичарите и владините тела.

Политички притисок 

Во Вашингон веќе има политички иницијативи за разделување на Facebook во повеќе независно едни од други компании кои ќе имаат посебни бизнис модели во делот на дигиталното огласување, а со тоа и заштитата на приватноста на корисниците со што треба да се спречи можна злоупотреба на нивните податоци и за изборни цели.

Исто така голем предизвик за Facebook ќе биде преземањето мерки против страници, групи и профили кои отворени шират говор на омраза, шират лажни вести и пропаганда, имаат мрежа на ботови за споделување на содржини и креираат тензии во општеството само за да му наштетат на политичкиот противник или пак постојат само за да создадат поделби, недоверба и судир. 

Facebook досега не преземаше конкретни акции за спречување на лажните вести, пропагандата и говорот на омраза, бидејќи добар дел од овие содржини се спонзорирани од различни центри на моќ, па така глатко ги примаше нивните налози за плаќање на објавите, без да навлегува кој и зошто ги упатува.

Промени во корпоративната управа на Facebook секако не може да бидат наметнати или исфорсирани, но позитивните финансиски резултати и одличните перформанси на акциите на берзата може да ги натера самите инвеститори да бараат конкретни решенија од Цукерберг за да се задоволат барањата на јавноста и политичките фактори. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони