Големината на телевизорите е важна и за мажите и за жените

Објавено на 11.10.2019 во Рецензија


Големината на телевизорите е важна и за мажите и за жените

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Димензиите на телевизорите стануваат се поголеми и големите телевизори стануваат стандард. На пример, кај нас во Македонија 43 инчен телевизор е стандард и има најмногу модели од таа големина. Според истражувањето на Sony во Европа, во рамки на извештајот „Еволуција на дневната соба“, над третина од луѓето (35%) сакаат телевизор што има над 55 инчи, а 16% од нив сакаат телевизор што има над 65 инчи, како што е новиот XG95 TV.

Во последните години порасна популарноста на телевизорите и со голем број на инчи и во земјите на јадранскиот регион. Според податоците, 30,7% од испитаниците од земјите на Јадранот во 2016 година, сакале телевизор од 55 инчи и повеќе, додека минатата година тој процент пораснал на 50%, велат од Sony.

Желбата за поголеми телевизорски сетови е најголема во Франција, каде над една четвртина од испитаниците 26%, тврдат дека нивниот избор бил телевизор од 65 инчи, а поголемите телевизори ги ценат и во Белгија, каде еден од пет испитаници преферираат телевизори со над 65 инчи. Да се има голем телевизор е толку важно, што еден од десет испитаници го сметаат за клучен статусен симбол. Дури повеќе и од смартфоните и таблетите, скапата облека и скапите часовници. 48% од испитаниците сакаат поголем телевизор од оној што моментално го поседуваат.

Обично се смета дека мажите се опседнати со големината, но големите телевизори се исто така важни и за жените. Според истражувањето, 43% од испитаниците сакаат поголем телевизор. И покрај тоа, мажите се дефинитивно повеќе склони кон филозофијата „поголемо е подобро“, затоа што 10% од нив сакаат нешто поголемо одошто поседуваат. Со оглед на тоа што технологијата овозможувала се повеќе начини у места за гледање на телевизија, гледачите се повеќе го ценеле квалитетот што го овозможува гледањето на поголем екран, одошто оној на помалиот. Голем процент од нив, дури 80% од испитаниците и понатаму бираат телевизори како место за најдобро искуство за гледање. Причината за тоа е угодното гледање 72%, подобар квалитет за гледање 60% и тоа што изгледа импресивно во куќата 18%.

Лидерската британска телевизиска психологинка Ема Кени, објаснува зошто луѓето повеќе сакаат големи телевизори и ги доживуваат како статусен симбол.Без разлика дали тоа ни се допаѓа или не. поседувањето на нештата ги поврзуваме со знакот за успех. Пазарот за големи телевизори порасна и тоа го направило конкурентно за опкружувањето.

Ако сакате домот да ви биде модерен, а вашиот животен стил изгледа успешно, тогаш овие статусни симболи се важни. Овој систем за верување „поголемо е подобро“, никаде не било така истакнато, како во светот на телевизорите. Дневните соби се претвараат во домашни кина, што го прави искуството за гледање подобро одошто било. За многумина од нас поседувањето на сезонски карти за гледање на омилен фудбалски тим е недостижно, но сепак може да се чувствувате како да сте на натпревар кога имате голем, квалитетен телевизиски екран пред себе. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони