Samsung Galaxy A10s - Евтин за забава и сликање

Објавено на 12.10.2019 18:00 во Рецензија


Samsung Galaxy A10s - Евтин за забава и сликање

Оцени

usability
7.0


Перформанси
7.0


Цена
8.0


Камера
7.5


резултат
7.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Добар за мултимедија и сликање

 

Negatives:

 

- Нема NFC

- Нема USB Type C

- Нема брзо полнење



Целата рецензија

Samsung Mobile ја реобликуваше Alpha серијата со нови модели кои се значително поевтини од S серијата, имаат многу поедноставен сетап но, со доволен квалитет да обезбедат квалитетни перформанси кои ќе ги задоволат модерните потреби на корисниците без премногу да го оптоварат нивниот буџет за да поседуваат мобилен уред од корјскиот бренд кој е синоним за врвна изработка и долготрајност. Затоа овој пат го анализираме моделот Samsung Galaxy A10s кој делува како почетен уред во оваа нова серија која до бројката ја има буквата s што асоцира дека станува збор за поевтина верзија.

Дизајн

Samsung Galaxy A10s многу потсетува на класичниот дизајн на Samsung со овални форми и заоблени агли на задната страна на смартфонот, пред се благодарение на примената на скенерот за отпечатоци кој се наоѓа позади под главната камера. Предната страна на Samsung Galaxy A10s е целосно покриена со стакло, додека пак остатокот од уредот е изработен од поцврста пластика. Смартфонот е доста тенок со профил од 7,8 милиметри, а тежи околу 170 грама. Samsung Galaxy A10s доаѓа со три бои на маската и тоа црна, сина и зелена и сите се доста симпатични и елегантни, па така која и да ја изберете нема да згрешите.

Дисплеј

Samsung Galaxy A10s во ера на џиновски смартфони доаѓа со дисплеј од 6,2 инчи што и не е така огромно за денешни стандарди. Станува збор за Infinity V дисплеј поради малиот засек на врвот каде е сместена селфи камерата. Уредот има HD резолуција од 720 х 1520 пиксели, со IPS LCD технологија и можеби за нијанса нешто послабо од OLED екраните кај поскапите модели. Сепак, дисплејот на Samsung Galaxy A10s и со овие каратеристики е многу имерзивен, нуди одличен преглед на содржини, може да гледате видеа со HD резолуција, како и да користите различни мултимедијални алатки. 

Перформанси

Samsung Galaxy A10s како уред од почетната класа работи со поевтиниот осум-јадрен Mediatek MT6762 Helio P22 процесор која малку заостанува со 12nm. Од друга страна нуди солидна Cortex-A53 архитектура на осумте јадра со работен потенцијал од 2 GHz. Хардверот го сочинуваат и 3 GB RAM, 32 GB основна вградена меморија, PowerVR GE8320 графика и microSD слот за мемориска картичка со капацитет до 512 GB. Samsung Galaxy A10s не поседува NFC технологија па така уредот нема да може да го користите за мобилни плаќања. Уште еден компромис е направен со постариот USB 2.0 конектор за поврзување, па нема да имате ниту екстра брзо полнење. Затоа ќе мора да се потпрете само на батеријата која има солиден капацитет од 4000 mAh.

Камера

Samsung Galaxy A10s мултимедијалната понуда ја заокружува со двојна главна камера поставена на задната страна. Таа е сочинета од примарен сензор со 13 мегапиксели, f/1.8 леќа која е доволно добра за оваа класа, има 28 mm широчина на леќата за опфаќање на поголем агол на сликање, како и прецизен автоматски фокус. Помошниот сензор е за поголема длабочина на сцената со 2 мегапиксели и нешто помала леќа со отвор од f/2.4. Селфи камерата исто така е на ниво на задачата во оваа класа со 8 мегапиксели со доволно добра f/2.0 апаратура на леќата. Смартфонот има поддршка за Full HD видеа со 1080p@30fps.

Заклучок

Samsung Galaxy A10s како смартфон од почетната евтина класа е доволно добро скоцкан, нуди пристоен дисплеј со одличен поглед, има квалитетно изработено тело иако од пластика, додека пак перформансите на хардверот се солидни без да предизвикаат фрустрации кај корисникот. Малата меморија ќе мора да ја решите со инвестиција во мемориска картичка, додека пак за поврзување ќе мора да се потпирате на апликации за мобилни плаќања. Инаку камерата и мултимедијалните аспекти на Samsung Galaxy A10s го прават смартфон кој е вреден да се земе во предвид ако купувате уред од основната класа. Што мислите вие за Samsung Galaxy A10s?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар