Како Ubisoft ја „утна“ со Ghost Recon: Breakpoint?

Објавено на 26.10.2019 18:33 во Рецензија


Како Ubisoft ја „утна“ со Ghost Recon: Breakpoint?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Лекцијата научена за следните наслови

 

Negatives:

 

- Голем број на багови во играта

- Несоодветна промена на гејмплејот

- Недоволна различност од претходниот наслов



Целата рецензија

Ubisoft кратко по пласманот на Ghost Recon: Breakpoint призна дека го промашиле новото продолжение на популарната акција во живо која се игра во мултиплеер. Според Ubisoft главниот проблем е што избрзано ја пуштиле играта во употреба без да ги довршат сите технички предизвици.

Има повеќе фактори зошто Ghost Recon Breakpoint ја нема истата популарност како и Wildlands која и покрај иницијалните критики по неколку направени надградби доби стабилен гејмплеј, поквалитетни мапи, како и модови за играње во различните кампањи за мултиплеер или поединечно играње.

„Ние продолжуваме да учиме и да се прилагодуваме на реалноста на акционите игри во живо, а она што штотуку го доживеавме е дека е потешко да се создаде интерес за продолжение на успешна игра во живо со мултиплеер кога претходната верзија поминала низ години на оптимизација и подобрувања. Со толку многу искуство и вградена самодоверба од нашите тимови, погрешно верувавме дека по 30-36 месечен јаз меѓу изданијата, играчите ќе бидат подготвени да уживаат во нови авантури на нашите игри во живо. На крајот се покажа дека временската рамка е премногу кратка", истакна Ив Жулимо главниот извршен директор на Ubisoft.

За жал голем дел од фановите не гледаат голема разлика во Wildlands од Breakpoint од аспект на подобрување на самиот свет за "пресметки", освен мали измени во наративот и изборот на класи на војници или "духови". Според Ubisoft направени се големи измени во механиките за играње и контролите што директно влијае за промени во гејмплеј, а тоа го почувствуваа и самите играчи кои веќе се навикнати на интензитетот и динамиката на пресметки во Wildlands.

„Промените што ги донесовме во н основата на Ghost Recon Breakpoint генерираа многу негативна реакција ... Додека промената на формулата е добро прифатена од некои играчи, бидејќи просечното дневно играње по играч е одлично со повеќе од три часа, исто така е одбиена од важен дел од заедницата“, дополнува Жулимо.

Голем проблем се и бројните багови во самата игра Ghost Recon Breakpoint што дополнително ги разочара гејмерите, па така ќе биде потребно повеќе време преку соодветни надградби да се решат грешките и на корисниците да им се обезбеди непречен гејмплеј во кој ќе уживаат и ќе поминат повеќе часови играјќи во текот на денот што е и главната разлика во споредба со Wildlands.

Затоа и продажбата на Ghost Recon Breakpoint е многу послаба од очекувањата, па така Ubisoft е принуден да направи ревизија на прогнозите за растот на приходи и добивка во последните два квартали од годинава.

Лекцијата за Ubisoft е дека нема многу да се брза со пласманот на новите игри од популарните франшизи како што се Watch Dogs Legion, Rainbow Six Quaratine и Gods and Monsters кои треба да пристигнат најрано во втората половина на 2020 година.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар