Xiaomi Mi A3 - Идеална камера за цената

Објавено на 27.10.2019 16:08 во Рецензија


Xiaomi Mi A3 - Идеална камера за цената

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.0


Цена
9.0


Камера
8.5


резултат
8.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена и идеална камера

 

Negatives:

 

- Нема NFC конекција



Целата рецензија

Xiaomi од неодамна понуди интересен концепт во средната висока класа како поевтина замена за Mi уредите со новата А серија на смартфони. Овие модели имаат многу пристојни цени, а дел од компонентите се совпаѓаат со тие од премиум класата. Затоа решивме да му обрнеме поголемо внимание на моделот Xiaomi Mi A3 кој како главен адут ја нуди идеалната камера со поддршка на вештачка интелигенција, а притоа нема да го оптовари вашиот буџет за купување на нов смартфон.

Дизајн

Xiaomi Mi A3 е модерно парче на мобилна технологија обложено со стакло на предната и задната страна со цврста заштита од напредното Corning Gorilla 5 стакло. Рамката во средината е изработена од пластика што е единствена разлика во поглед на поскапите премиум модели, но тоа воопшто не одзема на квалитетот на градба на Xiaomi Mi A3. Уредот има вграден скенер за отпечатоци во самиот дисплеј па така се заштедува на простор како под самиот екран, така и на задната страна каде има повеќе простор за квалитетна камера. Xiaomi Mi A3 доаѓа со избор од сина, сива и бела боја на маската и сите имаат специфичен израз кој ќе го погоди вкусот за елеганција и стил на многу корисници. 

Дисплеј

Xiaomi Mi A3 располага со 6 инчен Dot Drop Super AMOLED дисплеј од новата генерација кој е енергетски ефикасен па така во целост ќе може да ги исползувате новите темни модови на мобилните апликации. Екранот има целосна искористеност на предната површина од раб до раб, со минимални рамки, додека пак благата заобленост допринесува за посигурен фат без лизгање или ненамерни допири на екранот. Xiaomi Mi A3 нуди HD резолуција од 720 x 1560 пиксели што резултира со густина на сликата од 286 ppi, па така ќе имате одличен преглед на видеа и мултимедија. 

Перформанси

Xiaomi Mi A3 работи со потентен осум-јадрен Qualcomm SDM665 Snapdragon 665 процесор кој има Kryo 260 Gold и Kryo 260 Silver архитектура изработен во 11nm процес. Хардверот на Xiaomi Mi A3 е надополнет со избор од 4 и 6 GB RAM, како и 64 и 128 GB вградена меморија. Батеријата на Xiaomi Mi A3 е прилично издржлива со капацитет од 4000 mAh и може брзо да се полни со Quick Charge 3 стандардот со енергетски потенцијал од 18w. За поврзување, пренос на податоци и полнење вметнат е USB Type C 2.0 приклучок. На смартфонот единствено му недостасува NFC конекција, па така не би можеле да го користите за безконтактни мобилни плаќања.

Камера

Главен адут на Xiaomi Mi A3 е секако главната тројна камера на задната страна иако во оваа конотација не смее да се изостави и да се спомене и селфи камерата која има исто така врвен квалитет, но да почнеме со ред. Главната камера на Xiaomi Mi A3 има три сензори од кои примарниот има 48 мегапиксели со f/1.8 отвор, надополнет со ултраширок сензор од 8 мегапиксели со f/2.2 отвор, како и помошен сензор за длабочина од 2 мегапиксели со f/2.4 апаратура. Селфи камерата има одлични 32 мегапиксели со f/2.0 отвор и поддршка за HDR.

Заклучок

Xiaomi Mi A3 е смартфон кој сигурно ќе го привлече вашето внимание со блескавиот дизајн и врвните перформанси кои се за достојна почит во средната висока класа. Тоа што најмногу го одблежува овој модерен уред е достапната цена која се движи до 250 евра па така Xiaomi Mi A3 лесно може да го најдете и на македонскиот пазар. Покрај одличниот баланс на перформаси и опции за мултимедија се истакнува стабилниот софтвер и бројните алатки за организација, работа и забава. Што мислите вие за Xiaomi Mi A3?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар