Вештачката интелигенција гази и во StarCraft

Објавено на 31.10.2019 во Рецензија


Вештачката интелигенција гази и во StarCraft

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Рапиден развој на вештачката интелигенција

 

Negatives:

 

- Луѓето го губат чекорот со машините



Целата рецензија

Google најави доминација на вештачката интелигенција и во стратешката игра StarCraft која веќе одлично се справува со најуспешните гејмери глобално рангирани.

Новата вештачка интелигенција AlphaStar е дел од проектот Alpha на Google која преку сопствени ресурси ја учи играта и постигнува резултати кои ги надминуваат луѓето.

Alpha Zero на пример е вештачка интелигенција која не може да ја победат светските шампиони во шах. Во официјалните турнири самите шахисти се подготвуваат со помош на енџинот на Alpha Zero за учење на нови потези и нови комбинации во веќе употребувани тактики кои претходно ниту еден веле мајстор ги нема откриено.

Исто така Alpha доминира и против професионалците кои се бават со традиционалната кинеска игра на табла Go. Оваа игра се смета за една од најкомплицираните и има многу поголем број на можни комбинации во споредба со шахот.

Сега AlphaStar се натпреварува во StarCraft која е стратегија во реално време. Предизвикот за вештачката интелигенција е самата да ги предвиди можните потези на противниците кои не се видливи на таблата. Исто така треба симултано да носи одлуки за стратегијата која ќе ја примени и какви ресурси ќе користи.

Google ја обучи АлфаСтар да ги користи сите три раси на играта, додавајќи на комплексноста на задачата на горните ешалони на про-гејминг ниво. Исто така, ја ограничи AlphaStar да гледа само дел од човечката мапа и го ограничи бројот на кликови на глувчето што може да се регистрира на 22 не-дуплирани акции на секои пет секунди на игра, усогласувајќи ги со стандардното движење на човекот.

Развојот на вештачката интелигенција преку модели на игра, потези и стратегии има многу поголема цел отколку победи во шах, го или StarCraft, односно за развој на напредни системи кои ќе носат автоматизирани одлуки во економијата, финансиите, одбраната, сообраќајот, медицината и многу други полиња.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони