Samsung Galaxy A70: Голем и моќен

Објавено на 03.11.2019 13:14 во Рецензија


Samsung Galaxy A70: Голем и моќен

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.8


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Одличен и голем Super AMOLED дисплеј;
- Атрактивен дизајн;
- Солидни перформанси;
- Натпросечна батерија со брзо полнење;
- One UI интерфејс;
- Голема внатрешна меморија од 128GB + microSD;

 

Negatives:

- Нема водоотпорност;



Целата рецензија

Веќе констатиравме дека Samsung оваа година заврши одлична работа со Galaxy A серијата. Galaxy A70 овозможува искуство налик на она што го овозможува Galaxy A50, само што е поголем и има нешто подобри перформанси. 

Дизајн и дисплеј

Samsung Galaxy A70 од предната страна има засек, располага со тенок дизајн и заоблени рабови. Убаво е тоа што има Always ON Display опција и заштита со Gorilla Glass 3 стакло. Од задната страна има Samsung 3D Glasstic дизајн, а Super AMOLED дисплејот изнесува 6.7-инчи со 1080p+ резолуција. Super AMOLED дисплејот на Samsung овозможува телефонот да добие изразени, црни длабоки бои и јасен контраст, додека јачината на осветлувањето е многу добра од внатрешноста и надворешноста.

Камера

A70 има супер камера, од предната има 32MP f/2.0 селфи камера со Live Focus ефекти, autoHDR опција и 1080p видео. Од задната страна е тројната камера од 32MP f/1.7, со поддршка до 4K@30fps видео, а со неа има и 8MP, f/2.2, 12мм широкоаголна камера, со фиксен фокус и сензор со длабочина од 5MP.

Galaxy A70 има 32MP сензор со 12MP фотки, користејќи pixel binning технологија. Во поставките имате опција со ознака 4:3H, со која може да снимате во целосни 32MP, но тогаш останувате без HDR режимот и autoHDR опциите. Фотографиите во тој случај не излегуваат толку детални, па затоа се препорачува да се снима во зададениот 4:3 формат. Истото важи и за снимањето со предната 32MP селфи камера.

Интерфејсот на А70 е идентичен како оној на Galaxy A50, што е нормално. Има Автоматски режим, Live Focus, Panoramа, Pro режим со рачни контроли за ISO, Баланс за бела боја и Компензација на експозицијата. Има AI поддршка за препознавање на сцени и автоматско подесување на алгоритмите, но од искуство нема некои големи разлики со и без него. За фотографии направени на дневна светлина не коментираме, затоа што се беспрекорни. 

Софтвер

Android 9 Pie го има во А70, освежен со One UI кориснички интерфејс, ви овозможува одлично софтверско искуство. Прилагоден со гестови и трикови, полесно го ракувате со една рака. Изборникот со апликации се повлекува од дното кон горе, а со гестот во спротивна насока се спушта Центарот за известувања. Мултитаскингот со последно користените апликации се прикажува хоризонтално, а тука може да го користите и Split Screen, кој ќе биде многу ефикасен на толку голем екран.

Кон лево, може да ја исклучите Bixby страницата, а мрачната тема на системско ниво на AMOLED екранот е дополнителен адут. Интерфејсот е флуиден во најголема мера, со многу ситни стопирања, кои најверојатно ќе се средат со идните ажурирања на софтверот. Тастатурата на Samsung овде ја менува бојата во согласност со темата на интерфејсот.

Хардвер

Samsung го опремил Galaxy A70 со Snapdragon 675 процесор со 8 јадра и 11нм архитектура. Располага со 6/8GB RAM + 128GB ROM меморија, со што без проблем ќе може да се играат Fortnite, PUBG и Real Racing 3. Сензорот за отпечатоци на прсти под екранот е многу добро нешто, но можеби нема да ве воодушеви со брзината.

Имате батерија со капацитет од 4500mAh со 25W брз полнач, што значи дека и покрај големата батерија, нема да имате проблем со брзината на полнењето. Овде нема поддршка за безжично полнење, но со USB C кабел и полнач од 25W до половина час го полните телефонот до 50%, додека до 100% му требаат 1.45 минути. Импресивно.

Заклучок

Цената на Galaxy A70 во нашите дилерски продавници изнесува околу 23,399 денари, што значи дека не е прескап за ваква понуда. Голем телефон со блескав екран, голема батерија, пристојни перформанси, солиден квалитет на изработка и брзо полнење на батеријата. One UI интерфејсот и најдобриот Always On се тука, кој одлично снима и фотографира. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.