Како Samsung ќе се бори со евтините конкуренти?

Објавено на 19.11.2019 14:46 во Рецензија


Како Samsung ќе се бори со евтините конкуренти?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Намалување на цените на Samsung во основните класи

 

Negatives:

 

- Индиректно јакнење на конкуренцијата



Целата рецензија

Samsung Mobile се уште е бренд број еден според бројот на продадени смартфони на глобално ниво, со успех кој се должи пред се на продажбата на квалитетни и поскапи модели од високата и средната класа.

Сега, опасно се приближуваат пред се кинеските конкуренти кои продаваат огромни количини на смартфони пред се на домашно тло и во земјите во развој од Азија, а единствено Huawei има поголем успех во премиум класата, додека пак Xiaomi има горна граница на квалитет на перформанси под која не се спушта и така со години се одржува во самиот врв.

Притисокот се зголемува и од брендови како Oppo, Realme и Vivo кои можеби за европските корисници се речиси непознати, но затоа пак имаат продажба од стотина милиони уреди годишно.

Според последните информации се очекува Samsung Mobile да примени нова стратегија за лансирање евтини смартфони на големите пазари во Азија и Јужна Америка пред се. Планот е да се зголеми бројот на произведени смартфони кај подизведувачи како што е Wingtech фабриката од Кина која годишно за Samsung може да дизајнира и произведе дури и до 60 милиони примероци.

Дали се исплати трката за евтините смартфони?

Од една страна навистина Samsung би посакал да остане бренд број еден во светот според бројот на продадени уреди, но прашањето е дали навистина тоа ќе се исплати освен во маркетиншка борба со конкуренцијата. Новата стратегија има недостатоци, особено што Samsung со нарачка на огромна количина на смартфони ќе направи компромис со квалитетот бидејќи овие уреди нема да се произведуваат во неговите фабрики туку надворешно. 

Исто така проблем може да биде и индиректното зајакнување на конкуренцијата. Колку што повеќе Wingtech добива нарачки толку повеќе ќе се стекне со знаење и искуство, а ќе може да ги намали и трошоците за своето работење. На тој начин и останатите брендови кои сакаат надворешни производители би добиле поевтина услуга од еден таков вид на фабрика за турбо производство до многу ниски трошоци за производство, односно според проценките за дури и 30% помалку за потребните компоненти.

Стекнување со пазарна позиција само по себе и не мора да значи дека ќе донесе успех бидејќи по цените од околу 200 долари профитите маргини се многу слаби и прашање е колку Samsung би имал поврат на средства на долг рок. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар