Nokia 2.2: Неодолив дизајн, ниска цена и „Assistant“ со целосно внимание

Објавено на 23.11.2019 16:40 во Рецензија


Nokia 2.2: Неодолив дизајн, ниска цена и „Assistant“ со целосно внимание

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.7


Цена
10.0


Камера
9.7


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Ниска цена;
- Подобар дизајн со засек;
- Голем дисплеј;
- Сребрена и црна боја;
- Надградба со нов софтвер;
- Солидни перформанси;
- Google Assistant копче;
- Елегантен пластичен дизајн;
- Low light image fusion технологија за добри слики;

 

Negatives:



Целата рецензија

HMD Global веќе зема замав како компанија што го откупи Nokia брендот од Microsoft, кој порано беше поим за мобилна телефонија. Компанијата докажа дека има визија за иднината и успехот на своите телефони, за што сведочат нивните пазарни резултати и понуда од премиум секторот и ниско буџетниот сектор.

Nokia 2.2 е наследник на минатогодишниот Nokia 2.1 моделот. Телефонот нуди навистина голем дисплеј со дизајн со засек во форма на капка вода, заоблено пластично куќиште и Android Pie оперативен систем, кој без проблем може да се надгради со Android Q. Позитивата овде е што корисниците имаат ниско буџетен смартфон со солидни перформанси.

Дисплеј и дизајн

Имате одличен квалитет, фантастичен дизајн, изработен во Европа. Телефонот е направен за да ги исполни сите високи стандарди на квалитет. Со цврсто куќиште од поликарбонат и со блескава завршна изработка, телефонот плени со својата убавина и функционира со совршена хармонија. Дизајнот во споредба со претходникот веќе има големи промени, кои се секако позитивни. Екранот е зголемен, дизајнот е подобар, а големината на телефонот е речиси иста, а достапен е во сребрена и црна боја. Смартфонот има пластичен дизајн, но дефинитивно пластиката не е лоша, со оглед на тоа што производителот се потрудил да направи добро дело, нема да ја доживеете како пластика. 

Nokia изработила овој пат и специјални Xpress-On маски за да ги менувате, со цел да не го оштетите својот уред. За слушање музика имате стандарден 3.5мм влез за слушалки. Nokia 2.2 располага со 5.7-инчен (720x1520) IPS LCD дисплеј, со HD+ резолуција и максимална осветленост од 400 нити. Дисплејот овозможува добри бои, кои овозможуваат и „длабочински“ квалитет на деталите. Нивото на светлост е задоволиво и во внатрешен и во надворешен простор. Со резолуција од 720 пиксели, може слободно да очекувате острина додека гледате видеа, или играте игри. 

Софтвер

Имате наменско Google Assistant копче од левата страна на уредот, а обезбедени сте и три години со софтверска надградба. Треба да се чувствувате со вашиот смартфон, затоа имате алатки со Тајмер за апликации, режим за намалување на осветленоста на екранот и режим за никој да не ве вознемирува.

Вештачката интелигенција е исто така присутна, која ќе ви ја пронајде вашата омилена музика што претходно сте ја слушале додека чекате автобус секое утро во истото време. Акциите на апликацијата сега го штедат вашето време, така што го предвидуваат вашиот следен чекор уште пред да го направите.

Нема веќе внесување на нејасни описи во пребарувачот. Со апликацијата Google objektiv може да ги истражувате нештата околу вас на тотално нов начин. Пронајдете само кој стил ви се допаѓа, упатете повик со директно вчитување на визиткартата, падури и идентификувајте го видот на билката што сте ја пронашле - сето тоа со помош на вашата камера.

Ако сакате помош дома, може да го направите тоа само со копчето на Google Assistant. Поставувајте прашања, погледнете го својот распоред и намалете ги светлата. Вашиот асистент дури и повеќе учи кога повеќе го користите. Може да направите повеќе со својот живот, така што помалку ќе работите со својот смартфон. Сите задачи може да ги извршувате со помош на Google Assistant без разлика дали сте дома, на работа или во автомобилот - само со својот глас. Имате пристап кон список за купување, имате спортски резултати и слично. Денот ќе ви биде дефинитивно полесен од било кога порано. 

Хардвер

Nokia 2.1 имаше 1GB RAM меморија, но Nokia 2.2 сега има 2GB RAM, што е двојно подобро, исто како што внатрешната меморија од 8GB двојно се зголеми на 16GB. Кај нас е достапна верзијата со 2GB+16GB, но на други пазари ја има и со 3GB RAM+32GB меморија. Наместо Snapdragon 425, тука е помодерниот и поштедлив Mediatek Helio A22 процесор, кој веќе во голем број на телефони се покажа во најдобро светло со одлични перформанси како ниско буџетен чип.

Батеријата има капацитет од 3000mAh, која е одлично оптимизирана за да трае долго време и со помош на новиот Android 9 Pie софтвер, односно Android One. Со прилагодлива батерија, вашиот телефон учи на кој начин го користите и ја намалува потрошувачката на батерија. Функцијата за прилагодување на осветлувањето, исто така ги учи вашите посакувани поставки и автоматски ја прилагодува осветленоста на екранот според вашите потреби.

Nokia 2.2 може да трае цел ден со едно полнење. Полнењето трае 3 часа ако сакате да го наполните од 0% до 100% со помош на полнач од 5W, кој доаѓа комплет со телефонот. Како за промена, Nokia 2.2 располага со батерија што може да се вади 2019, што е добра вест. 

Камера

Од задната страна на телефонот има 13MP камера со F/2.2 отвор на бленда и класична LED блиц. Од предната страна има 5MP камера, која освен за селфи фотографирање, може да послужи и за отклучување со лицето. Уредот има поддршка за AutoHDR и нешто што HMD Global го нарекува Low light image fusion, односно спојување на фотографии во услови на ниско осветлвуање - Night mode. Имате поддршка за HDR, панорама, Google Lens и неколку AI режими. 

Долгата експозиција автоматски се активира кога сакате да снимате со телефонот во услови на слаба осветленост. Можеби нема да креирате слика како премиум уред, но сепак ќе биде доволно добра за да го одбележите моментот за спомен. Nokia 2.2 може да фати одлични слики во текот на денот, што е нормална ситуација со секој смартфон. Имате и автофокус со задната камера, кој е доволно добар. Боите изгледаат одлично, експозицијата е балансирана, и генерално интерфејсот на камерата е одлично изработен. Се разбира, камерата на Nokia 2.2, ниско-буџетски телефон, не може да биде профи, што најмногу се детерминиран од цената. 

Заклучок

Nokia 2.2. е во рангот на Xiaomi Redmi 7A уредот, и се издвојува како одличен модел со солидни перформанси, батерија, голем дисплеј, одлично изработена пластика и висока асистентција од Google за полесно ракување, додека ниската цена веднаш ги „купува“ корисниците што не сакаат да купат скап телефон.

Дефинитивно ви го препорачуваме 2.2 како одличен модел доколку не ви се дава повисока сума на пари. Најинтересен дел од Nokia 2.2 смартфонот е неговата исклучиво поволна цена од 6500 денари, во зависност од продавницата и договорот, која може и да се намали доколку склучите договор за претплата со Македонски Телеком или А1. Што велите? 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.