Smart Battery Case за iPhone 11 - Прв пат со камера копче

Објавено на 24.11.2019 15:00 во Рецензија


Smart Battery Case за iPhone 11 - Прв пат со камера копче

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Смарт индикатор, посебно копче за камерата и голем капацитет

 

Negatives:

 

- Мал избор на бои



Целата рецензија

Apple годинава повторно лансираше сопствен додаток за корисниците на iPhone 11 моделите. Заштитната маска Smart Battery Case која покрај тоа што го заштитува iPhone 11 од потенцијални оштетувања при уреди нуди и голем број на нови функции. Главната намена на Smart Battery Case за iPhone 11 е да обезбеди повеќе енергија за батеријата на смартфонот и да ја продолжи неговата активност. 

Исто така за прв една смарт маска на Apple во дизајнот има вградено специјално копче за активирање на камерата. iPhone 11 како надградба на понудата на смартфони на Apple најмногу подобрување донесе во делот на тројната главна камера на задната страна, па токму затоа и новата смарт маска има за прв копче за директно активирање на камерата, со што веднаш може да правите слики, селфи и видеа без потреба да го отклучувате смартфонот. 

За активирање на камерата треба да го држите копчето една секунда, па на овој начин се спречува случајно вклучување на камерата од само еден допир на специјалното копче. Откако ќе се вклучи камерата со еден допир може да правите слики без потреба од притискање на екранот. Со подолго притискање на копчето, пак ќе може да ја активирате опцијата QuickTake за снимање на видео. 

Smart Battery Case со својата примарна цел за подобрување на работата на батеријата нуди до 50% повеќе енергија за активна работа на iPhone 11 моделите, без оглед дали во моментот вршите телефонски повици, играте мобилни видео игри или користите апликации. 
Тоа е многу корисно за сите кои често се на терен и имаат различен вид на активности, од спортување до работни состаноци или пак се некаде често на пат. Со Smart Battery Case поретко ќе треба да го полните вашиот iPhone 11 смартфон кој и онака има сосема солидна батерија.

Apple направи одлични измени во позиционирањето на самата батерија што подалеку од мобилните антени, па така воопшто не го попречува мрежниот сигнал. Дополнително секој iPhone 11 смартфон има помошно радио за мрежни сигнали кое е пасивно и се активира само по потреба кога треба да се засили конекцијата. Така и самата батерија не се потпира само на чистиот капацитет во mAh, туку и на нејзината ефикасност.

Кога на ова ќе ја додадете Smart Battery Case маската тогаш уште повеќе ќе добиете енергетска ефикасност на вашиот смартфон. Smart Battery Case овозможува преглед на статусот на батеријата на заклучениот екран и во центарот за нотификации. Штом го сместите iPhone 11 во лежиштето на маската веднаш се поврзува со Lightning конекторот по што започнува да обезбедува дополнителна енергија. 

Smart Battery Case може да се полни безжично на лежиште кое е компатибилно со Qi стандардот. Самата маска има капацитет од 1430 mAh и релативно брзо се полни до целосен капацитет. Маската има LED сијаличка која свети зелено штом е целосно полна. Исто така нуди поддршка за USB-PD за екстра брзо полнење на iPhone 11 преку Lightning to USB-C конекторот, или пак преку соодветен адаптер за брзо полнење. 

Предноста на Smart Battery Case е што овозможува целосна интеграција со iOs па така смарт индикаторот ќе ви покажува цело време уште колку имате преостанато за користење на батеријата. 

Smart Battery Case е достапна во црна, бела и розева боја по цена од 129 долари и може да се купи директно од Apple или нивно претставништво. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар