Nokia 4.2 - Чисто Android искуство на долг рок

Објавено на 25.11.2019 21:00 во Рецензија


Nokia 4.2 - Чисто Android искуство на долг рок

Оцени

usability
7.5


Перформанси
7.5


Цена
8.5


Камера
8.0


резултат
7.9


Наши забелешки

Positives:

 

- Дуо камера и долгорочна софтверска поддршка

 

Negatives:

 

- Процесор од основна класа



Целата рецензија

HMD Global направи максимум во средната почетна класа преку директната соработка со Google како дел од Android One програмата. Меѓу подобрите смартфони во оваа понуда дефинитивно е Nokia 4.2 кој покрај тоа што има доста ниска и прифатлива цена, нуди солидни перформанси во сите категории и секако има одлично софтверско искуство за самите корисници со долгорочна поддршка. Затоа решивме да им понудиме на нашите читатели поглед одблиску со Noka 4.2 и што се може да им понуди.



Дизајн

Nokia 4.2 во многу елементи наликува на модерната конкуренција со последните визуелни израи, а истовремено нуди и убава естетика карактеристична за продуктите на HMD Global па така ќе имате навистина симпатичен смартфон за вложената сума на пари.

Nokia 4.2 е изработен од стаклено тело па така обезбедува висок степен на елеганција и удобност при држење во раката, а самата изработка асоцира на квалитет кој може да се најде и во повисоките класи. Смартфонот има профил од 8,4 милиметри и тежина од 160 грама со што лесно ќе го чувате во џебот, и при ракување ќе се уверите во неговата ергономија.



Nokia 4.2 може да се најде со црна и розево песоклива боја на маската, односно и двете се многу привлечни за око, и одговараат на различни вкусови на корисниците.

Перформанси

Nokia 4.2 како дел од Android One платформата има целосен пристап до Google Assistant апликацијата за управување со гласовни команди, пребарување на интернет страницата брзо завршување на задачите и тековните активности.

HMD се потрудил да обезбеди добар осум јадрен процесор за Nokia 4.2. Тој работи со Snapdragon 439 со 12nm Cortex A53 архитектура, Adreno 505 графичка, 3 GB RAM, 32 GB основна вградена меморија за понапредниот модел со поддршка за microSD за надополнување до 400 GB.



Уредот има скенер за отпечатоци на задната страна, како и можност за отклучување на екранот со скенирање на лицето преку селфи камерата. Овие биометриски елементи се одлични за поставување на врвна заштита на вашиот смартфон без да се грижите дека некој неовластено ќе го отклучи.

Камера

Еден од главните адути на Nokia 4.2 е главната двојна камера составена од примарен сензор од 13 мегапиксели со f/2.2 леќа, 1/3" големина на отворот и 1.12µm микрони големина на пиксел, како и фазна детекција на автофокус. Вториот помошен сензор за длабочина има 2 мегапиксели и со него може да правите слики со различни ефекти за промена на фокусот со Bokeh режимот на сликање. Селфи камерата е подеднакво атрактивна со 8 мегапиксели f/2.0 леќа, 1/4" големина на отворот и 1.12µm микрони големина на пиксел како и опфат на аголот од 74 степени за групно селфи. Со оваа комбинација корисниците добиваат одлична камера за динамични и забавни слики и видеа.



Софтвер

Nokia 4.2 е дел од Android One програмата на Google замислена за долгорочна поддршка на корисниците во основните и средните класи особено за купувачите кои имаат ограничен буџет. Затоа со Nokia 4.2 ќе имате чисто корисничко искуство со Android 9.0 Pie оперативниот систем без никакви додатоци и прединсталирани надворешни апликации кои кај други модели вообичаено не може да ги избришете.

HMD Global исто така нуди долгорочна поддршка за Nokia 4.2 со редовни месечни безбедносни надградби. Исто така во наредните две години ќе има целосна софтверска поддршка на системот со надградби кои ќе го подобрат работењето на Nokia 4.2 без притоа да дојде до забавување или кочење на функциите.



Заклучок

Nokia 4.2 е еден од поатрактивните смартфони кој може да се најде на македонскиот пазар, особено во понудите на мобилните оператори за нов договор на претплата, како што се Македонски Телеком и А1. Nokia 4.2 задоволува многу од потребите на модерните корисници со солидни перформанси кои нема никогаш да ве остават на цедило. Според нас најголеми адути се камерата и целокупното софтверско искуство. Двојната главна камера овозможува да ги регистрирате сите моменти од вашето секојдневие и да споделувате на социјалните мрежи. Софтверот кој е дел од Android One платформата ќе ви обезбеди долготрајна софверска поддршка со перформанси кои нема да успорат ниту пак да го натрупаат смартфонот со непотребни додатоци.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар