Huawei nova 5T: Смартфон со пет AI камери

Објавено на 28.11.2019 15:00 во Рецензија


Huawei nova 5T: Смартфон со пет AI камери

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Голем дисплеј;
- Моќен хардвер; 
- Солидна батерија; 
- 5 AI камери;
- Примамлива виолетова боја;
- Нов USB-C влез за слушалки, со адаптер за 3,5мм џек;
- Сензор за отпечатоци од страната за палецот;
- Моќни перформанси;
- Најнов софтвер;
- SuperCharge технологија;

 

Negatives:



Целата рецензија

Голем дисплеј, моќен хардвер, солидна батерија и дури 5 камери - се најмоќните адути на овој модел на Huawei од средната класа. Со оглед на тоа што кинескиот бренд имаше големи проблеми минативе месеци, ова е дефинитивно моќен напад против конкуренцијата, имајќи ја во предвид ниската цена и перформансите. Huawei nova 5T има четири камери од задната страна и една напред, кои ги користат сите предности на вештачката интелигенција.

Изненадување од задната страна

Huawei nova 5T е во средна класа на смартфони, што значи дека ја поседува технологијата на Huawei, за пониска цена. Уште на прв поглед Huawei nova 5T плени со својот изглед, има модерни линии, а особено интересна боја е Midsummer Purple, т.е. летно виолетовата боја, која дефинитивно ќе привлече голем број на фанови.

Куќиштето не содржи непотребни влезови или типки, од кои се истакнуваат типките за регулирање на звук, додека онаа за вклучување/исклучување е под читачот за отпечатоци на прсти.

Позицијата за читачот на отпечатоци и неговата брзина ќе ве импресионира, која е многу поприродна, отколку кога читачот е од задната страна или под дисплејот. Доволно е да го допрете прстот странично и уредот е спреме за работа. Huawei одлучил да го отстрани влезот за слушалки и целосно да се сврти кон USB-C влезот, но во кутијата имате и комплет адаптер за да може да вклучувате постари влезови - 3,5мм џек за слушалки.

Камера, камера, камера, камера и уште една камера

Предната камера изнесува неверојатни 32 мегапиксели и се наоѓа во горниот лев агол на екранот. Останатите камери се од задната страна, сместени во вертикала една под друга, во комбинација со LED блиц.

Се работи за комбинација од главниот сензор со 48MP, ултра-широкоаголна камера од 16MP, макро камера од 2MP и длабочинска камера од 2MP, кои се активираат во зависност од сцената што се снима, односно начинот на снимање што корисникот ќе го одбере. 

Во самата апликација за камерата навистина има голем избор за начинот на снимање - од класичен, преку ноќен, портретен режим( во кој уредот сам ја анализира сликата и автоматски ја замаглува позадината, додека лицето на сликата останува јасно), снимање на видео во неколку различни режими. Дури и да не сте сигурни кој начин го одбравте, вклучувањето на вештачката интелигенција, која ја анализира ситуацијата пред објективот, ви гарантира добри фотографии.

Екран

Треба да се истакне дека Nova 5T доаѓа со 6,22-инчен IPS дисплеј, кој целосно се протега на предната страна и може да се пофали со резолуција од 2340 x 1080 пиксели. Пробирливите корисници би можеле да приговорат дека екранот би можел да биде и подобар, но во текот на тестирањето на самиот уред, немавме никакви забелешки. Видливоста во мрак на силна сончева енергија е одлична, и за сликите и за видеата квалитетот е одличен.

Под хауба

Мозокот што се крие во внатрешноста на телефонот е чипсетот Kirin 980 на Huawei, кој во комбинација со GPU turbo технологијата овозможува удобно искуство на работа, дури и во ситуации на преглед на веб страници или играње на мобилни видео игри.

Обработката на видеата односно фотографиите на самиот уред е беспрекорна. Тестниот модел доаѓа со 6GB RAM и 128GB ROM меморија, што би требало да биде и повеќе од доволно за просечниот корисник. Ако ви недостасува простор, секогаш може да ги префрлите фотографиите и видеата на компјутерот и така да ослободите простор на вашиот смартфон.

Софтвер

Huawei nova 5T доаѓа со Android 9 оперативен систем и прединсталирани апликации од Google, но и дополнителни апликации на Huawei како што се Phone Clone или Huawei Health. За време на тестирањето немавме никакви проблеми со услугите на Googleкако што се e-mail или пребарувањето, така што немате место за грижи тука.

Huawei се погрижил купувачите да знаат дека се работи за серија на уредот Nova па така големото лого е сместено од задната страна на уредот, но и на позадината на работната површина. Може да одберете неколку брендирани позадини, при што особено интересно е она што се менува во зависност од положбата во која се наоѓа самиот уред. Може да добиете впечаток како позадината да ви е „жива“.

Не смееме да ја заборавиме ниту ситницата што нам многу би ни значела, а многумина и често пати ја предвидуваат. Имено, nova 5T во самиот горен дел, каде што е сместен звучникот, има мала ламбичка што ја сигнализира стигнатата порака или известувањата. Ако очекувате некоја порака или e-mail, а не можете постојано да го вклучувате уредот, светилакта ќе  ви биде од голема помош. 

Батерија

Уште една важна компонента на уредот е батеријата. Huawei nova 5T располага со батерија од 3,750mAh, која држи чекор со нашите активности за време на тестирањето. Кај просечното користење - сурфање на интернет, вклучено WiFi и Bluetooth, неколку долги телефонски повици во текот на денот и фотографирањето и снимањето на видеата, издржало цел ден.

Играњето на игри или снимањето на видеа и фотографии ја скратува нејзината издржливост, но не толку што во паника ќе барате полнач. Ако се случи и да ви недостасува батерија во текот на денот. полначот со SuperCharge технологија ја полни батеријата за 1 час, т.е. до 50% стигнува за помалку од 30 минути.

Смартфон што не смее да се пропушти

Некои се скептични за Huawei во последно време поради проблемите со Америка, но Huawei nova 5T е доказ дека немате причини за загриженост. Овој смартфон ја поседува високата технологија на Huawei - вештачка интелигенција, за прифатлива цена. Малопродажната цена сега за Black Friday може да се симне и до 23.999

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.