Како наједноставно да се префрлите од iPhone на Android?

Објавено на 30.11.2019 14:12 во Рецензија


Како наједноставно да се префрлите од iPhone на Android?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Брза и едноставна опција за бекап и синхронизација на податоци

 

Negatives:

 

- За поголем просто се доплаќа



Целата рецензија

Мобилните гиганти долго време се обидуваа да ги задржат своите корисници на иста платформа со еден вид на затворање на оперативниот систем каде беа врзани сите апликации со синхронизација, а со тоа и големиот обем на податоци кои ги креираме секојдневно, па така ако сте користеле iPhone, а потоа сте купиле Android беше потешко да си ги вратите сите елементи кои се ви се потребни, од контакти, слики, мејлови, пораки и слично.

Во последните неколку години брендовите пак, ја сменија тактиката и се повеќе се отворија за апликациите и продуктите кои ги нудат нивните конкуренти. На пример Microsoft лансираше цел сет на Windows апликации за Android, додека пак Apple ја лансираше Apple Music на Android платформата. Исто така гигантот од Купертино дозволи поголема интеграција на iPhone со основните апликации на Google. 

Затоа и сега ако се одлучите да направите трансфер од еден на друг мобилен оперативен систем многу брзо, лесно и едноставно ќе може да направите бекап и да ги префрлите податоците на вашиот нов уред.

Еден од наједноставните принципи за префрлање на сите регистрирани податоци е преку апликацијата Google Drive која може да ја преземете слободно од App Store на Apple. Потоа преку Google Drive потребно е да направите бекап на сите ваши податоци кои ќе ви бидат неопходни за да ги преместите на новиот Android смартфон.

Може да направите бекап на сите фајлови, документи, потоа на слики, видеа, како и на контакти и сите закажани настани, состаноци и потсетници на вашиот календар. Секако постои и опција благодарение на поголемата интеграција со сервисите на Google да направите поединечен бекап со синхронизација на сите посебни апликации, како Google Photos, Gmail и итн.

Во зависност од самиот обем на складираните податоци процесот на бекап може да трае и повеќе часа, па затоа бидете трпеливи и обезбедете стабилна Wi-Fi конекција во случај да имате лимит на мобилниот интернет и секако, погрижете се смартфонот да има доволно батерија за да не се исклучи во меѓувреме.

Постои и опција за непречено префрлање на сите SMS пораки со тоа што треба најпрво да ја исклучите апликацијата iMessage за да нема никакви проблеми при бекапот на податоците.

Штом завршите со сите префрлања на податоци се што треба да направите е да го вклучите вашиот нов Android, да се логирате со корисничката сметка на Google Drive и да ги активирате вообичаените Google апликации, како што се Contacts, Calendar, Photos и останатите и со самата синхронизација веќе ќе ги имате на располагање сите претходни сочувани податоци. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони