Наследникот на Стив Џобс: Татко му го малтретирал, а денес го спасува светот

Објавено на 12.12.2019 16:00 во Рецензија


Наследникот на Стив Џобс: Татко му го малтретирал, а денес го спасува светот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Успех и покрај сите психолошки тортури од детството;
- Визија и подобри услови за живеење со електричните возила;

 

Negatives:



Целата рецензија

Илон Маск е на списокот на најбогати луѓе во светот, кој се наоѓа на 85. место со имот вреден 11,7 милијарди долари. Својот почетен капитал го стекна со продажба на сервисот PayPal на eBay. Маск е роден на 28 јуни, 1971 година во Јужна Африка, а во својата досегашна кариера ги основаше компаниите SpaceX, Tesla Motors и Zip2, а исто така е творец на идејата за ултра брз транспорт под името Hyperloop и ко-основач на компанијата PayPal.

Илон завршил физика и економија на Универзитетот Пенсилванија, а докторат започнал на Универзитетот Стенфорд, но го прекинал после два дена за да почне со реализација на своите идеи. Денес Маск е најпознат по електричните Tesla автомобили, но и SpaceX компанијата, со програма за производство на ракети, кои после заминувањето во вселената ќе можат повторно да слетаат на Земјата. И покрај тоа што Илон Маск денес поседува компанијата што е лидер во областа на високата технологија, неговиот пат кон успехот не е лесен.

Како дете бил несмасен, но сакал да чита. Неговиот интерес бил насочен кон компјутери и фантастика. Детето родено во Преторија, Јужна Африка, било психолошки злоставувано од татко му, а истото го правел и на неговата сестра и братот.

Како тоа да не било доволно, па и во училиштето бил жртва на злоставување. Бил туркан по скали и еднаш го претепале толку многу, што завршил и во болница. Наводно, причината за проблемите што ги имал дома и на училиште, била што ја напуштил Јужна Африка и заминал во Америка.

Проблемите во семејството на Маск не му останале траума за да го спречат во неговите амбиции. Затоа денес е еден од најуспешните бизнисмени на планетата, а исто така се бори и за заштита на животната средина. На конференцијата за климатските промени во Париз, Маск порачал дека регулаторите мора да ја намалат емисијата на јаглерод-диоксид (CO2), со тоа што нему би му помогнале да продаде повеќе автомобили чија цена се движи околу 75.000 долари.

„Дали барам донесување на правила што би ја фаворизирале мојата компанија? Дали го правам ова за да се збогатам? Дали навистина сакам да го зголемам своето нето богатство и не би отворил компанија што произведува електрични автомобили. Тоа би било еден од најглупавите начини за инвестирање на пари“, вели Маск.

Маск зборува јавно и против развојот на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека тоа е најопасната закана за опстанокот на човештвото.

„Мислам дека треба да бидеме многу внимателни кога станува збор за вештачката интелигенција (AI). Доколку мора да ја одберам најголемата закана за опстанокот на човештвото, веројатно би го одбрал AI. Се повеќе сум наклонет кон идејата дека треба да постои регулаторно тело на национално и меѓународно ниво, кое ќе го надгледува нејзиниот развој, а сето тоа од причина што сите заедно не би направиле некоја глупост“, вели Маск.

Овој генијалец многумина го сметаат за наследник на Стив Џобс. Тој дојде и до идеја во вселената да лансира флота од сателити, кои ќе овозможат пристап кон интернет, таму каде што се уште го нема. Одозгора го имате прилогот од Bloomberg што го направиле со Маск, како тој станал милионер.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.