Влезете во волшебниот свет на Samsung QLED 8K TV

Објавено на 15.12.2019 18:00 во Рецензија


Влезете во волшебниот свет на Samsung QLED 8K TV

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Значително подобрена слика;
- 8К резолуција;

 

Negatives:



Целата рецензија

Неверојатни 33 милиони пиксели ве воведуваат во нов свет за гледање телевизија, во кој може совршено да го доживеете секој детал. QLED 8K остварува резолуција што е дури 16 пати поголема од Full HD резолуција, а квантниот процесор овозможува целосно прилагодено доживување за гледање, со оглед на тоа што светлината на екранот и звукот се оптимизираат според условите за гледање и содржината, сето тоа во реално време. Преку иновативна технологија со квантни точки, Samsung успеа да постигне приказ на реални бои со 100% волумен, кои креираат потполно реален приказ и потполно ново искуство на гледање.

Компатибилноста на Samsung QLED 8K

И покрај тоа што содржината со 8K резолуција се уште не е достапна, со 8K AI Upscaling може да се подобри резолуцијата на сликата. Благодарение на квантниот процесор може да се постигне нова димензија за квалитет на сликата и звукот, која е компатибилна со 8K, без оглед на оригиналниот квалитет или формат на содржина што се прикажува.

Благодарение на таа технологија, независно од тоа дали гледате содржина преку streaming услуги, HDMI кабел или мобилно пресликување, квантниот процесор 8K ќе ја зголеми резолуцијата на квалитетот 8K, а вие ќе уживате во беспрекорната слика и звукот.

Samsung QLED 8K телевизорите се произведуваат имајќи ги во предвид потребите на љубителите на видео игри, кај кои квалитетот на сликите се изразито важен фактор. Во согласност со тоа, Real Game Enhancer поддржува AMD Radeon Freesnyc технологија, која овозможува играње на видео игри без паузирање на сликата. Со тоа, Game Motion Plus целосно ја отстранува можноста за замаглување на движењата за време на играњето, кои би ја уништиле сликата.

Доживување на кино во вашиот дом

Според коментарите и желбите на своите корисници, Samsung ја направи QLED технологијата уште поквалитетна, со поголеми екрани. Samsung QLED 8K телевизорите се идеално решение за корисниците што преферираат големи екрани и доживување на одење во кина во сопствениот дом. Direct Full Array технологијата ги реструктуира панелите на телевизорите, така што позадинското осветлување минува низ панел со светла рамномерни на екранот, овозможувајќи уште поостра слика и длабоки нијанси на црна боја.

Благодарение на тоа, пикселите нема да бидат видлдиви, независно од тоа колку близу екраните се наоѓаат. Со помош на иновативната Q Viewing Angle технологија,л постигната е софистицирана контрола во оптимизацијата на контрастот, со кој е овозможена беспрекорна слика, без оглед на тоа од кој агол гледате во екранот.

Повеќе од обичен телевизор

Една од најдобрите спецификации кај Samsung QLED 8K телевизорот, е амбиенталниот начин на работа, кој овозможува прикажување на интересна содржина, кога телевизорот е згаснат. Со овој начин на работа, корисниците може да пристапат кон содржина како што е временската прогноза и новинските наслови или може да се прегледуваат бројни фотографии и да се слуша пристојна музика. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.