Samsung Galaxy S10: Главната десетка што не смее да се игнорира

Објавено на 25.12.2019 14:50 во Рецензија


Samsung Galaxy S10: Главната десетка што не смее да се игнорира

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Wireless PowerShare опција;
- Моќен хардвер;
- Exynos 9820 Octa процесор;
- Дизајн;
- Долготрајна батерија;
- Infinity Display;
- Моќен дизајн;

 

Negatives:

- Цена;



Целата рецензија

Кога пред 10 години Samsung го претстави својот прв Galaxy смартфон, не можевме ниту да замислиме дека серијата ќе го доживее своето 10. издание. Непосредно пред World Mobile Congress во Барселона, Samsung ги претстави своите адути за 2019 година - Galaxy S10 серијата. Најголемо внимание тогаш привлече Galaxy Fold, првиот флексибилен смартфон, при што членовите на S10 семејството станаа достапни на пазарот. Ајде да видиме што ни нуди засега Samsung Galaxy S10.

Дизајн и дисплеј

Неговиот 6,1-инчен Infinity Display остава впечаток како да се работи за поголем уред, но кога ќе го фатите со рака, сфаќате дека станува збор само за цифри, затоа што екранот се простира на целиот преден панел. Исклучително е удобен за користење и за нас тие што немаме големи раце, особено кога набрзинка сакате да напишете нешто само со една рака. 

Ова е првиот Samsung со чувствителен раб на екранот кој го крие дополнителното мени со најчесто користените апликации. При почетокот на тестирањето на уредот и нам ни беше потребно време додека да се навикнеме. Жив човек, на се се навикнува, многу важно во оваа ситуација е што опцијата е многу практична. Прстот дефинитивно ќе ви се навикне без проблем. 

Што се однесува до дизајнот на уредот, треба да истакнеме дека е изработен од стакло со тенка алуминиумска рамка. Топло препорачуваме веднаш да купите заштитна маска, затоа што мазната стаклена површина може да остави отпечатоци од прсти. Ова не е толку голем проблем, колку тоа што ако ве снајде неволја и телефонот ви падне на подот на цврста површина. Е тогаш може да ја зафркнете работата. Во дизајнот ни се допаѓа што Samsung го задржал класичниот влез за слушалки. Можеби звучи старомодно, но класичниот влез е одлично решение кога ќе ви се испразнат безжичните слушалки, а вие сепак би сакале да извршите повик или да слушате музика.

Камера, камери и уште малку камери

За разлика од S9 серијата, S10 сега има помал простор за предната камера, која е сместена во горниот десен агол. Всушност, тука имаме „дупка“ на екранот, оригинално наречена punch-hole, во која инженерите на Samsung ставиле камера од 10MP, наменета за селфи и видео повици. Ваквото сместување на камерата многумина го користеле за добра забава и смислиле теми и позадини, кои дупката за камерата ја прават речиси невидлива или дел од темата.

Можеби поважно е тоа што се крие под овој Super AMOLED екран, а тоа се голем број на сензори, меѓу кои е и читачот за отисоци на прсти. Така Samsung се приклучи на бројните производители, кои читачот го преместиле од задната на предната камера. Ултразвучниот читач на отисоци на прсти на Samsung, овозможува уште поедноставно отклучување. На задната страна сместиле три камери - „обичната“ со 12MP, уште една од 12MP со телефото леќа и таа со 16MP со широко-аголна леќа.

Во услови на брилијантна осветленост, па дури и во услови на средна осветленост, фотографиите се одлични. Фотографиите се јасни, со живи бои, а со помош на дополнителните опции за замаглување на позадината, фокусирањето, разубавувањето на сликите со ефекти, дефинтиивно се олеснува фотографирањето на едноставен начин. Предноста овде е тоа што нема да имате потреба од проучување на апликацијата за камерата, оти се е едноставно. Ако имате талент за фотографирање, дефинитивно телефонот ќе ви биде за мерак. 

Опцијата "Shot Suggestions" ја препознава ситуацијата во која се наоѓате и ви дава добри насоки како да направите подобри фотографии - од тоа да ја „исчистите камерата“ до тоа да го „ставите предметот што го фотографирате во средината на екранот“. Забележавме дека нема да имате проблеми доколку и просторијата во која фотографирате ви е мрачна. Ако си поиграте малку со опциите и ги подесите рачно, односно имате мирна рака, може да направите исклучително добри фотографии и во полумрак. Тоа значи дека ако препуштите на автоматско подесување на камерата, тогаш нема да го добиете квалитетот што евентуално би го посакувале.

Имаш малку струја?

Освен камерата, на задната страна сега имаме нешто екстравагантно што Samsung го смисли. Иновацијата се нарекува "Wireless PowerShare" и таа е најголемата предност на новите S модели. Сите Samsung Galaxy S10 уреди ќе може безжично да се полнат еден со друг, во ситуација кога едниот има повеќе капацитет на батерија од другиот. Ја пробавме новата опција и дефинитивно функционира беспрекорно, иако е за нијанса побавно од класичното полнење. Доколку сте ограничени со време или не можете да пронајдете друг полнач, оваа опција добро ќе ви дојде.

Под површината

Под сета таа убавина имаме перформанси што ќе го задоволат секого. Samsung Galaxy S10 под хауба има 8GB работна меморија и 128GB внатрешна меморија за лични податоци, со 8-јадрен Exynos 9820 Octa процесор. За да имате доволно капацитет и телефонот да ви издржи, ќе се погрижи батеријата од 3400mAh. Цел ден може да издржи без проблем, дури и со повици и допишување. Ако не го користите многу, може да издржи до 1,5 дена.

Samsung Galaxy S10 пристигна со Android 9 оперативен систем и Samsung One кориснички интерфејс, со добро познатите апликации на Samsung, како што се: Knox, Samsung Pay и асистентот Bixby. Bixby беше пристоен за време на тестирањето, за кого Samsung додели физичка типка на самиот уред.

Типката се наоѓа на левиот раб, веднаш под типката за регулирање на висина на звук. Додека не се освестивме каде е Bixby типката, ја притискавме по малку несакајќи. За среќа Bixby може и да се исклучи доколку не го користите и да му дадете друга намена, но и тогаш мора да внимавате како и што притискате.

Посебно би го издвоиле Samsung Kids Home, опцијата со која својот смартфон може да го претворите во телефон по мерка на детето. Доволно е да поставите лозинка (PIN), да одберете кои апликации детето може да ги користи (видео игри, камера, поврзување и праќање пораки), колку долго и уредот е спремен за користење. Кога е време за возрасните повторно да го користат телефонот, доволно е само да излезете од опцијата Kids Home. 

Заклучок

После дружбата со S10, навистина не можеме да откриеме поголеми забелешки. Значи, го добивме она што го очекувавме од Samsung. Добар уред со напредни перформанси, кој добро лежи во раката и креира одлични фотографии. Многумина би можеле да посегнат по послабиот модел S10e, со кого дефинитивно се разликуваат. S10 Plus е помоќен, но затоа класичниот модел S10 е златната средина која дефинитивно вреди за секоја пара што ќе ја дадете.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.