Нема Messenger без Facebook - Што понатаму?

Објавено на 28.12.2019 17:45 во Рецензија


Нема Messenger без Facebook - Што понатаму?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Помалку чекори при логирање

 

Negatives:

 

- Ускратување на изборот за логирање на корисниците

- Опасност за загрозување на приватноста со спојување на три апликации на Facebook



Целата рецензија

Facebook донесе одлука да ја прекине поддршката за логирање само преку телефонски број на мобилната апликација за допишување Messenger. Тоа значи дека сега корисниците ќе мора да маат валиден профил регистриран на Facebook социјалната мрежа со цел да ја користат посебната апликација Messenger која може да се активира и на мобилен и преку десктоп.

Facebook најпрво направи јасна поделба меѓу социјалната мрежа и подоцна преку посебната Messenger апликација бидејќи целосно го отстрани самостојниот chat кој беше дел уште од самите почетоци на Facebook. Тоа доведе корисниците да бидат принудени да ја инсталираат Messenger апликацијата на своите смартфони. Facebook отиде дотаму што дури и да пристапувате до чатот од мобилната веб верзија на социјалната мрежа без посебната Messenger апликација не можеше да се примаат и испраќаат пораки.

Сега, ова доаѓа како големо изненадување бидејќи одреден број на корисници не сакаат воопшто да бидат дел од социјалната мрежа, а го користат Messenger за да останат во контакт со нивните пријатели, познаници и соработници. Доволно беше само да го верификувате бројот на мобилниот телефон за да се логирате и да ги користите сите функции на Messenger.

Неодамна се откри дека Twitter бил под лупа при што се откриени мобилните телефони на околу 17 милиони корисници кои биле поврзани со нивните кориснички профили. Тие кои вршат надзор открија дека на Facebook повеќе не може да пронајдете личност со пребарување преку нивниот мобилен телефон. 

Под притисок од можни нови обвинување Facebook се сврте кон целосно „затемнување“ на телефонските броеви на корисниците кои повеќе нема да бидат лесно да се пронајдат и поврзат со профилите. Можеби заштита на приватноста на податоците на Facebook овој пат им е поважна пред да се случи слично „хакирање“ на таков вид на пропуст во Messenger како кај Twitter.

Од друга страна ова можеби е само среќна коинциденција за Facebook чија главна амбиција е да ги обедини сите апликации за допишување бидејќи сака да ги интегрира Messenger, Instagram Direct и WhatsApp на една платформа. Идејата е корисниците да ги продолжат разговорите без оглед на која од трите мобилни апликации на Facebook најчесто им е активирана што зависи од тоа каде имаат поголем број на контакти како и интензитетот на допишување со корисници на конкретна мрежа од вкупно трите можни опции Messenger, Instagram Direct и WhatsApp.

Од Facebook велат дека исто така според нив голем број на корисниците веќе најпрво се логираат на профилот на Facebook, а потоа пристауваат кон делот за пораки, повици и видео врски на Messenger, па така со овој чекор целиот процес на пристап и логирање би бил многу побрз и поедноставен. 

Останува стравот дека со пополнување на голем број на податоци за регистрирање на профил на Facebook се оддаваат многу детали за приватноста како име и презиме, мејл адреса, пол, возраст и слични параметри. Доколку истиот принцип важи и за WhatsApp тоа значи дека и таму повеќе приватноста на податоците нема да имаат голем приоритет. 

Цукерберг рече дека сите апликации ќе бидат дел од „социјалната мрежа фокусирана на приватноста“. 

„Луѓето сакаат да изберат која услуга ја користат за да комуницираат со луѓето“, напиша тој на блогот. 

Како и да е, денес ако сакате да им испратите пораки на пријателите на Facebook , треба да користите Messenger, на Instagram треба да користите Direct, а на WhatsApp треба да користите WhatsApp. 

„Ние сакаме да им дадеме на луѓето избор за да можат да стигнат до своите пријатели преку овие мрежи од која било апликација што ја сакаат“, смета милијардерот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар