Како да спречите непосакувани повици?

Објавено на 30.12.2019 18:39 во Рецензија


Како да спречите непосакувани повици?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Вградени опции за блокирање на непосакувани повици

 

Negatives:



Целата рецензија

Нашите телефонски броеви се повеќе се достапни преку социјалните мрежи и интернет сервисите кои ги користиме преку податоците за регистрација. Затоа се полесно е некој да го открие и пронајде вашиот телефонски број.

Токму преку овие методи и откривање на телефонските броеви со различни дигитални алатки многу е лесно некој да ве пронајде.

За да се спречат злоупотреби, спам повици кои може да ве измамат и робо повици кои ќе ви нанесат голема материјална штета мобилните оператори, софтверските компании работат заедно за поставување поголем број на филтри. Со нив се обезбедува дополнителна заштита од непосакувани повици и нивно блокирање.



Добрата вест е што веќе ваквите заштити за корисниците се веќе дел од самите мобилни платформи. На iOs 13 оперативниот систем во менито за повици имате можност да одберете автоматски да се блокираат сите спам и робо повици без вие воопшто да осетите дека некој ви ѕвонел.



Дополнително во iOs 13 може да одберете воопшто да не ви се појавуваат телефонските повици од броеви кои не се дел од вашиот именик. Единствено прием на повици ќе има за оние телефонски броеви кои вие сте ги повикале, но потоа не сте ги меморирале во телефонскиот именик.

Ваквата функција може да биде од голема корист за одредени професии кои често се соочуваат со закани по телефон и притисоци со јавувања. Но, од друга страна на пример доктори кои треба да се достапни во секое време често добиваат повици од луѓе кои воопшто не им се дел од контактите, но со нив мора да се поврзат за навремено да интервенираат.



Истата функција ја има и во менито на Android оперативниот систем во делот за прием на телефонски повици. Најпрво Google Assistant проверува дали бројот од позивниот повик е легитимен, па ако не биде обележан како спам ќе воспостави конекција со вас.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар