Samsung Galaxy S10 Plus прогласен за најдобар смартфон според македонските фанови

Објавено на 31.12.2019 во Рецензија


Samsung Galaxy S10 Plus прогласен за најдобар смартфон според македонските фанови

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Прогласување на најдобрите смартфони според македонските читатели

- Смартфон на годината на telefoni.mk

 

Negatives:



Целата рецензија

Фановите го кажаа своето. Според гласовите на читателите на telefoni.mk за најдобар смартфон на годината изгласан е врвниот премиум смартфон Samsung Galaxy S10 Plus. Овој знаменосец на Samsung во анкетата во која учествуваа над 1000 испитаници има освоено 30% од гласовите односно над 300 поединечни гласови во споредба со останатите смартфони кои беа во трката. 

Samsung Galaxy S10 Plus сосема разбирливо е зошто ги освои срцата на корисниците. Тој е најдобриот смартфон на Samsung од годинешната премиум понуда, има голем број на адути како голем екран од 6,4 инчи со резолуција од 1440 x 3040 пиксели, работи со 8nm Exynos 9820 процесор, располага со тројна главна камера, двојна селфи камера, голема батерија со капацитет од 4100 mAh и брзо полнење. 

Според анкетата вториот кандидат на Samsung во годинешната трка на telefoni.mk Samsung Galaxy Note 10 Plus го има освоено петтото место со 9% добиени гласови. Вообичаено фаблет како Samsung Galaxy Note 10 Plus има поспецифична таргет група на корисници со оглед на повисоката цена и за нијанса поголемиот дисплеј кој е наменет за поголема работна површина за професионалци. 

Вицешампион годинава според анкетата на telefoni.mk е Huawei P30 Pro со освоени 24% од вкупниот број на гласови или околу 280 добиени гласови доволни за освојување на втората позиција. Huawei P30 Pro годинава исто така беше еден од подобрите смартфони во премиум конкуренцијата со раст на популарноста. Huawei P30 Pro исто така може да се пофали со 6,4 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, HiSilicon Kirin 980 процесор со 7nm архитектура, quad главна камера со примарен сензор од 40 мегапиксели, 32 MP селфи камера, батерија со капацитет од 4200 mAh и брзо полнење од 40W.

Подиумот го пополнува уште еден врвен смартфон на Huawei. Станува збор за Huawei Mate 30 Pro кој беше главен претставник на фаблет категоријата на Huawei годинава со 6,4 инчен дисплеј, со многу слични компоненти како и Huawei P30 Pro со таа разлика што има двојна селфи камера, нешто подобар HiSilicon Kirin 990 процесор и за нијасна подобра густина на пиксели на OLED дисплејот. 

Топ 5 друштвото го комплетира iPhone 11 Max Pro завземајќи го четвртото место со освоени 11% од гласовите, односно за него на анкетата на telefoni.mk гласале околу 120 испитаници. Фановите на Apple годинава сосема јасно покажаа дека iPhone 11 Max Pro е најдобриот iOs смартфон годинава со 6,5 инчен Super Retina XDR OLED дисплеј, импресивната тројна камера, двојната селфи камера со 12 мегапиксели, напредниот Apple A13 Bionic (7 nm+) процесор, и издржливата батерија со капацитет од 3969 mAh.

Шестото место го освои Xiaomi Mi 9 Pro со 5% од вкупниот број на гласови, следен на седмото место исто така од уште еден смартфон на кинескиот бренд. Станува збор за фаблетот Xiaomi Note 10 Pro кој освои 4% од гласовите на читателите. Sony Xperia 1 се пласираше на осмата позиција, додека пак последото но, не и помалку вредното деветто место го освои Nokia 9 PureView како единствен смартфон од ова друштво со 5 камери. 

Критериумите за номинација на овие девет смартфони се базираа на најдобрите уреди на топ брендовите во премиум класата, односно беа земени пред се Plus и Pro моделите, а исто така во игра беше и досегашната работа на тимот на telefoni.mk следејќи ја мобилната индустрија во текот на целата година со направени голем број на тестови и покривање на најважните настани од смартфон светот. 

Финалниот збор им го препуштивме на нашите читатели на кои во 2020 година им посакуваме да се снабдат со уште понови и помоќни смартфони, а ние ветуваме дека уште попосветено ќе ви ги пренесуваме одблиску сите случување, новости, иновации и трендови од мобилната индстрија. 

На победниците им честитаме за одличната година, а на останатите брендови да продолжат со квалитетната понудата, развојот на конкуренцијата што секако води кон подобри услуги и иновации за крајните корисници. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони