Кој ќе го принуди Google да не става прединсталирани апликации на Android?

Објавено на 12.01.2020 15:30 во Рецензија


Кој ќе го принуди Google да не става прединсталирани апликации на Android?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Поведена иницијатива за ограничување на bloatware

 

Negatives:



Целата рецензија

Голем фронт се отвора против Google и неговата политика сите партнери кои го користат оперативниот систем Android на нивните мобилни уреди да мора да ги прединсталираат плејадата на Google апликации како што се Chrome, Google Search, Gmail, YouTube, Google Photos, Google Maps, Google Play Music, Google Drive, Google Messages, Google Docs, и многу други во зависност од самиот договор за користење на лиценца за софтверот. 

На овој начин од самиот старт Google ги наведува корисниците на оперативниот систем Android да ги користат неговите апликации кои веќе се инсталирани со што си обезбедува еден вид на монополска позиција и го ограничува изборот за корисниците за конкурентни и различни апликации кои ги имаат истите функции и цели.

Дали е загрозена приватноста покрај изборот на корисниците?

Правната иницијатива е поведена од страна на 50 организации за заштита на правата на корисниците, асоцијации против монополско поведение и организации за заштита на приватноста на податоците. Иницијативата заеднички е поднесена од страна на Privacy International и има поддршка од страна на DuckDuckGo и American Civil Liberties Union. 

Главната заложба на Privacy International е Google да го ограничи и намали така наречениот bloatware, односно купот на апликации кои се прединсталирани и се системски, односно корисникот не може да ги избрише од меморијата на мобилниот уред, а може само да одбере тие да бидат блокирани и да не бидат активни. 

Покрај тоа што се ограничува конкуренцијата, Google често прави конкретни договори со самите партнери за Android системот, па така во зависност од производителот на мобилните уреди може да се најдат прединсталирани и нивните мобилни апликации. Најчесто тие се нивен интернет прелистувач, нивна мобилна апликација за пораки, апликации за мултимедија и уредување на слики и слични софтверски решенија.

Проблем има исто така и со пристапот кои овие апликации ги имаат до самите податоци на корисникот, па така има огромен простор и за злоупотреби на приватноста и безбедноста. Имено, системските апликации кои не може да ги избришете имаат свои пермиси врз кои најчесто корисниците немаат увид или целосна контрола. Затоа дел од барањата на Privacy International се насочени и кон овој проблем со bloatware на Android уредите. 

Дописот на барањата е упатен и до Сундар Пишаи, главниот извршен директор на Google кој неодамна ја презема лидерската позиција во корпоративната управа на Alphabet. Privacy International исто така е подготвен и на поведување на правни процедури против Google за монополско поведение и загрозување на приватноста на податоците на корисниците на Android мобилната платформа. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар