Nokia Power Earbuds BH-605 - Звук кој изненадува

Објавено на 30.01.2020 19:39 во Рецензија


Nokia Power Earbuds BH-605 - Звук кој изненадува

Оцени

usability
9.0


Перформанси
9.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
9.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Компетитивна ниска цена

- Висок аудио квалитет

- Издржлива батерија и куќиште

 

Negatives:

 

- Ограничен избор на врвови на слушалките



Целата рецензија

HMD Global кој го оживеа брендот на Nokia во смартфон ерата се обидува да стане релевантен на сите полиња, па така се приклучи и на трендот на лансирање на специјализирани безжични Bluetooth слушалки кои може да бидат спарени со сите видови на Nokia смартфони, но и со останати мобилни уреди кои се компатиблни. Нивната почетна понуда тргнува со безжичните слушалки Nokia Power Earbuds BH-605 кои чинат само 90 евра па така од сам старт се многу компетитивни ако се споредат со премиум понудата на пример на Apple AirPods. Во продолжение ќе се осврнеме на можностите и перформансите кои ги нудат Nokia Power Earbuds BH-605 како интересен избор на безжични слушалки. 

Дизајн и ергономија

Nokia Power Earbuds BH-605 по изглед и дизајн не се разликуваат премногу од мноштвото на безжични слушалки кои веќе се достапни на пазарот, имаат црна исполирана пластика и мембрана од графен која треба да обезбеди подобро филтрирање на звукот и посилни тонови. 

Безжичните слушалки во самото пакување имаат вклучени врвови кои служат за прилагодување на големината за да одговараат на потребите на корисниците. Со оглед на тоа што изборот на врвови е доволен повеќето од корисниците ќе ја најдат идеалната големина за своите уши за да може комотно да ги користат Nokia Power Earbuds BH-605 слушалките на подолг рок, на пример да слушаат музика во континуитет од неколку часа.

Nokia Power Earbuds BH-605 доаѓаат со IPX7 стандард кој овозможува висок степен на заштита од надворешни влијанија, па така може слободно да ги користите на отворено, додека врне или пак додека имате фитнес активности бидејќи потта воопшто нема да им влијае на никаков начин. 

Перформанси и звук

Nokia Power Earbuds BH-605 има фантастично управување на енергијата, па така самите слушалки со едно полнење може непрестано да работат до 5 часа или во мирување до 150 часа. Најголемата предност на Nokia Power Earbuds BH-605 е тоа што доаѓаат со куќиште за полнење со рекорден капацитет од 3000 mAh. Тоа значи дека доволно е еднаш да го наполните куќиштето и потоа преку него неколкукратно да ги полните самите Nokia Power Earbuds BH-605 слушалки. 

Nokia Power Earbuds BH-605 благодарение на мембраната од графен продуцираат навистина квалитетен звук кој може да се споредува со најдобрите конкуренти од оваа класа, па дури и со поскапите модели на безжични слушалки. Како што напоменавме и погоре изборот на врвовите на слушалките може да биде пресуден за длабочината и прецизноста на преносот на звукот ако тие најдобро легнат во вашите ушни школки. 

Заклучок

Nokia Power Earbuds BH-605 се големо и многу пријатно изненадување во категоријата на квалитетни безжични слушалки кои може да се спротистават и на најмоќните, но и многу поскапи конкуренти. Генерално големо задоволство причинува тоа што може лесно да ги полните со што ќе имате една грижа помалку, а и самите се доволни за неколкудневно слушање или преземени мобилни разговори. Квалитетот на звук е на импресивно ниво и ќе бидете многу задоволни од длабочината и прецизноста на тоновите. Nokia Power Earbuds BH-605 се малку потешки па така ќе треба тоа да го земете во предвид пред да ги купите, односно дали со понудените врвови одговараат на вашето уво. Што мислите вие за Nokia Power Earbuds BH-605?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар