Дали Apple Maps конечно го стигна Google Maps?

Објавено на 31.01.2020 15:15 во Рецензија


Дали Apple Maps конечно го стигна Google Maps?

Оцени

usability
6.5


Перформанси
7.5


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
8.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Заштита на приватноста

 

Negatives:

 

- Повеќето опции не се достапни глобално



Целата рецензија

Apple ја претстави новата верзија на мобилната апликација Apple Maps која е наменета пред се за iPhone смартфоните и е нивен целосен производ откако најпрво решија да ги отстранат Google Maps како генерален избор на апликација за мапи и навигација, а откако увидоа дека нивниот сервис е далеку од функционален направија компромис со гигантот. Во изминатите осум години Apple посветено работеше на подобрување на апликацијата Apple Maps обидувајќи се да го унапреди сервисот со многу модерни услуги, податоци и функции кои конкурентите веќе долго време ги поседуваат.

Погледни наоколу наместо Street View

Apple годинава како една од најдобрите нови опции кај Apple Maps ја додаде функцијата Look Around која практично делува исто како Street View на Street View. Целта на „погледни наоколу“ е да добиете визуелен преглед на локациите преку снимки направени од самото место. Apple ветува дека квалитетот на фотографиите на улиците е на високо ниво, има 3D приказ и лесни и брзи транзиции низ виртуелните „прошетки“. Засега опцијата Look around на Apple Maps е достапна само за најголемите американски градови и најверојатно ќе бидат потребни месеци, ако не и години додека прегледот на улици не пристигне и во помалите земји од Европа, опција која веќе ја имате одамна на Google Maps. 

Каде сакате најмногу да одите?

Apple Maps за да им го олесни пребарувањето на локации на корисниците им ја нуди опцијата Collections со која ќе може да направат листа на омилени места. Тука може да правите листи со на пример ресторани и кафулиња, културно-уметнички установи, места за шопинг и многу други. 

Подобрен преглед и навигација

Apple Maps во новата верзија нуди подобрен иако не премногу детален или спектакуларен преглед на мапите од птичја перспектива, како на пример прегледот кој го дава Google Maps со комбиниран преглед на улици, згради, зданија и локации. Тоа што најмногу ќе им се допадне на корисниците е подобри податоци за патиштата и пешачките зони, попрецизни адреси, подобар преглед на трговски центри и навигација. Додадени се и податоци за јавен превоз но, само за поголеми американски градови. 

Заклучок

Apple Maps во оваа нова верзија нуди голем број на новитети и подобрени услуги и функции, но додека истите се материјализираат на глобално ниво ќе биде потребно многу време. Исто така квалитетот на преглед на теренот на мапите се уште е генерации зад Google Maps. Според нашето искуство и натаму Google Maps е еден од најсеопфатните сервиси за мапи и навигација. Од друга страна пак, Apple Maps засега предничи со заштита на приватноста на корисниците, односно не бара логирање, ниту пак ги споделува податоците со трети страни. За разлика од нив, секој ваш чекор, пребарување и активирање на Google Maps веднаш се споделува со огласувачи и трети страни согласно правилата на користење и тоа е најголемата грижа.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар