Apple Arcade - Дали е за гејмери?

Објавено на 22.02.2020 15:00 во Рецензија


Apple Arcade - Дали е за гејмери?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска месечна претплата

- Компатибилност со други контролери

- Може да се користи на сите Apple уреди

 

Negatives:

 

- Мал број на квалитетни гејмерски наслови

- Ограничен интерес од страна на девелоперите



Целата рецензија

Речиси шест месеци по пласманот на гејминг стриминг сервисот Apple Arcade и натаму се поделени мислењеата дали оваа платформа е вредна за гејмерите или пак има голем простор за подобрување како на самите игри, така и на целокупното корисничко искуство. Apple Arcade популарно наречен и Netflix за игри функционира на тој начин што за месечна претплата од само 5 долари имате неограничен пристап до целата база на видео игри, специјално креирани за iOs уредите и за Apple Arcade.

Тоа значи дека нема потреба да гледате реклами додека ги играте омилените видео игри, или пак да плаќате парични средства во микротрансакции за да продолжите со следното ниво или да отклучите неопходни предмети за вашиот напредок во играта.

Дали претплатата е проблем?

Исплатливоста на Apple Arcade всушност и никогаш не била доведена во прашање со оглед на тоа што поквалитетните и попопуларни наслови во Apple Store се многу поскапи во однос на Play Store на Android и за поединечен наслов најчесто треба да се плати и над 2 долари. 

Поголемата дилема поврзана со платформата Apple Arcade е поврзана со тоа дали е за вистинските гејмери кои сакаат да поминат по неколку часа на ден со игрите за видео конзоли или PC или пак, повеќе одговара на потребите на тие кои играат мобилни игри само кога треба да „утепаат“ време без многу да се вложуваат во се што значи докажување, напредок и подобрување во една видео игра која ќе ви го обземе целото внимание.

Според досегашните искуства на гејмерите, барем тие кои се декларираат како такви Apple Arcade не ги задоволува нивните потреби и очекувања. Проблемот го гледаат во тоа што на пример iPhone уред примарно го користат за социјални мрежи како Instagram и други, а не како гејминг уред на кој можат да поминат и часови без престан.

Секако, има аргументи дека за подобро гејминг искуство може да ги купите специјалните контролери за Apple Arcade и со тоа рацете нема да ви бидат зафатени држејќи го екранот на смартфонот, а уште повеќе што игрите преку оваа платформа може да ги поврзете на iPad, Apple TV или смарт телевизор со соодветна поддршка. 

На тој начин значително може да се олесни гејмерското искуство, уште повеќе што Apple Arcade како платформа ги поддржува и постоечките контролери од PlayStation 4 или Xbox, па доколку веќе ги поседувате не би требало да вложувате средства во нови „џојстици“.

Гледано според изборот на видео игри во архивата на Apple Arcade речиси сите вкусови може да бидат задоволени бидејќи има над 100 игри, од наслови наменети за деца, па се до неколку високобуџетски игри со врвна графика и напреден гејмплеј.

Финални заклучоци

Оценката е дека и по речиси шест месеци квалитетот на новите наслови кои пристигнуваат во Apple Arcade не се зголемува, напротив има стагнација и не може точно да се утврдат причините.

Можеби самите девелопери не гледаат потреба премногу да се вложат во платформа која се уште не е мејнстрим меѓу гејмерите и се „чуваат“ за наслови наменети за PC и видео конзолите, или пак немаат доволен финансиски бенефит од досегашната примена на бизнис моделот на Apple кој прашање е колку е исплатлив за издавачите иако со сигурност е доста принослив за самата компанија од Купертино.

Што мислите вие за Apple Arcade, какво е досегашното ваше искуство со стриминг гејминг сервисот и што очекувате од ваков вид на платформи. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар