Зошто новите длабоки линкови на Chrome се одлични и опасни истовремено?

Објавено на 23.02.2020 17:08 во Рецензија


Зошто новите длабоки линкови на Chrome се одлични и опасни истовремено?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Одлична алатка за маркетари

 

Negatives:

 

- Опасност за нарушување на приватноста и злоупотреби



Целата рецензија

Google ја лансираше новата верзија на интернет прелистувачот Chrome која на корисниците ќе им овозможи да креираат „длабоки“ линкови. Тоа значи дека покрај линкот со URL страната ќе може да дополните и конкретен збор или секција од веб сајтот кој сакате да им го покажете на тие на кои им го испраќате хиперлинкот. 

На пример за промотивни цели може да направите реклама на социјалните мрежи и доколку ви е целта да добиете повеќе мејлови за регистрација, едноставно во длабокиот линк само додадете клучен збор каде што се наоѓа вашиот мејл за контат, пример со додавка на зборот contact, about us, e-mail и слично.

Одличен за маркетари, но опасен за приватноста?

Сосема разбирливо е дека главната замисла на инженерите на Google е да се развие дополнително можноста за директно пласирање на реклами на конкретно место на самата веб страница. Да речеме дека имате онлајн продавница и со новиот принцип кој е наречен ScrollToTextFragment може да креирате линк кој ќе води директно до посакуваниот продукт кој ви е на промоција или сакате токму одреден сегмент од веб продавницата да го истакнете.

За да ги креирате овие длабоки линкови на самото URL на веб страната додадете го кодот #:~:text=WORD на самиот крај. Потоа делот WORD заменете со конкретниот збор од содржината на веб страната кој сакате да го промовирате или истакнете и внимавајте да користите соодветна кирилична или латинична поддршка.

Новата функција ScrollToTextFragment е достапна само за тие кои ја имаат инсталирано најновата верзија на интернет прелистувачот Chrome 80, па така и на тие на кои им испраќате длабоки линкови исто така треба да користат нова верзија на Google Chrome за декстоп и мобилен за да може да ја отворат конкретната содржина.

Сепак, експертите за заштита на приватноста на податоците веднаш упатија критики кон Google дека со волку едноставен  код кој се додава на URL на веб страницата може многу лесно да се додаваат клучни зборови од датотеки и со тоа да се предочат сензитивни информации за корисници, за компании и државни институции.

Од Google пак, возвратија дека не се согласуваат со овие грижи, бидејќи алатката е многу корисна и ќе биде поставена опција за opt-out, односно тие веб девелопери кои нема да сакаат да ја користат ScrollToTextFragment алатката на нивните интернет страници дека ќе може да ја исклучат. 

Но, исто така проблем е што овој новитет иако е споменат во обновените услови за користење на Google Chrome малкумина воопшто знаат што значи и што претставува самата алатка, па така илјадници веб сајтови нема ни да знаат дека некој само со една линија на код ќе може да селектира сензитивни и значајни информации од нивните страни. 

Што мислите вие за потенцијалот и опасностите кои стојат зад ScrollToTextFragment и дали веќе ја инсталиравте новата ScrollToTextFragment алатка?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар