Замка на дигитализацијата, работниците под стрес 24 часа

Објавено на 28.02.2020 07:30 во Рецензија


Замка на дигитализацијата, работниците под стрес 24 часа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Преземање на опасната работа од страна на роботите;

 

Negatives:

- Преземање на работата на луѓето од страна на роботите; 



Целата рецензија

Дигитализацијата на работењето и животот на големо ќе го промени светот. Додека повеќето истакнуваат дека со дигитализацијата ќе дојде до промени, кои ќе бидат позитивни за стопанството и развојот на општеството, ги има и оние ретките што зборуваат за негативните страни на дигиталниот живот.

Дигитализацијата и настанокот на новите технологии влијаат врз природата на работните места, задачите и секторите и индустриите во кои работиме, па дури и врз нашата прогноза за работата. Трендовите укажуваат дека до 2025 година, информациската и комуникациската технологија (ICT) ќе влијаат врз промената на опремата, алатките и системот што се употребуваат за организација, управување и понуда на производите, услугите и знаењето. 

Во извештајот за Предвидување на нови ризици се разгледуваат потенцијалните ефекти од дигитализацијата: колаборативна роботика, вештачка интелигенција, интернет нешта, автономни возила, виртуелна и проширена реалност, носечка технологија, голема количина на податоци и бионика.

Прогнозирано е дека економскиот раст и примената на новите технологии ќе биде побавен, и дека владата ќе мора да се насочи кон правата на работниците, социјалната грижа, здравството и образованието. Предизвиците за безбедноста и здравјето на работа се разгледуваат поединечно за секое сценарио, но се утврдуваат и прашања што се однесуваат на сите четири сценарија. Предвидени се и позитивни исходи од сето тоа. Благодарение на роботиката и автоматизацијата, помалку веројатно е дека луѓето ќе работат во традиционално и опасно опкружување.

Целта на анализата за дигитализацијата на работата е да се предвидат вистинските позитивни и негативни ефекти, затоа што од една страна работниците се исплашени за своите работни места, но од друга страна треба да бидат среќни, со оглед на тоа што роботите ќе ги вршат задачите што би биле потенцијално опасни за нивниот живот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.