Huawei P smart Pro: Смартфон од средна класа со забавни спецификации

Објавено на 29.02.2020 07:30 во Рецензија


Huawei P smart Pro: Смартфон од средна класа со забавни спецификации

Оцени

usability
9.9


Перформанси
9.4


Цена
10.0


Камера
9.8


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Селфи камера што сама се повлекува кога ја исклучувате апликацијата или кога ќе детектира телефонот дека паѓа;
- Квалитетни фотографии;
- Премиум тројна задна камера;
- Добра цена;
- EMUI 9.1.0;
- 4000mAh;
- Задна камера со вештачка интелигенција;

 

Negatives:

- Слаб зум;



Целата рецензија

Huawei P smart Pro е со чист екран од предната страна, за кого Huawei се одлучил да ја скрие селфи камерата во телефонот. Штом корисникот го активира селфи режимот на работа, камерата од 16MP излегува на врвот на екранот и се е спремно за селфи. Кога не е во употреба, односно кога ќе се префрли на било кој друг начин на работа или излегува од апликацијата за камерата, селфи камерата се враќа во куќиштето.

Дизајн

Со оглед на тоа што мобилните телефони сакаат да се излизгаат од раката во текот на снимањето на селфи, малку не загрижува како таа камера може да го преживее падот. Huawei мислел и на тоа, штом телефонот ќе осети промена на положбата и падот, ја повлекува камерата на безбедно. Во превод, ако телефонот падне и се оштети, селфи камерата нема да се оштети.

Уште една спецификација има Huawei P smart Pro, а тоа е сместувањето на читачот на отисоци од прстите. Кај премиум уредот се крие под екранот, а кај овој уред е сместен од задната страна и служи како типка за вклучување и исклучување на уредот. Лични дури и повеќе ни се допадна таквото решение, затоа што е полесно за користење, а и ни се чини дека многу попрецизно го вчитува отисокот. Од останато треба да се издвои дека Huawei одлучил да го задржи класичниот влез за слушалки, што е добра вест за повеќето корисници.

Камера

Веќе ја спомнавме предната камера, затоа сега треба да ја спомнеме и задната. Три задни камери. Тројната задна камера се одликува со ултраширок објектив од 8MP, камера за длабочинско поле од 2MP и главна камера од 48MP.

Комбото од три камери со помош на вештачка интелигенција, ви овозможува да фотографирате квалитетно во мрак, со голема близина, да креирате групна фотографија дури и ако немате долга рака. Мора да признаеме дека малку не разочара тоа што во стандардниот режим на работа, камерата поддржува зум само до шест пати. Меѓутоа, Huawei со своите камери кај премиум телефоните не разгали, па затоа ова му го простуваме. И со зум од 6х пати дефинитивно може да направиме добри и квалитетни фотографии во различни услови.

Екран

За да изгледаат фотографиите уште подобро, 6,59-инчениот Ultra FullView екран е тука, кој се протега на речиси цела предна страна. Huawei истакнува дека може да прикаже дури 16,7 милиони бои. Со оглед на тоа што и ние не можеме да замислиме толку, им веруваме. Боите се исклучително чисти и јасни, и детално остри, што може дефинитивно да се потврди. Благодарение на Eye Comfort Mode, дури ниту долготрајното гледање не е непријатно за очите.

Хардвер и софтвер

Треба да се истакне дека Huawei P smart Pro има Kirin 710F чипсет под хауба, 6GB работна и 128GB внатрешна меморија за податоци, што е повеќе од доволно за просечна употреба. За оние што сакаат многу да фотографираат и снимаат или имаат омилена музика секогаш со себе, може да ја прошират меморијата и до 512GB.

Нашиот примерок е со Android 9 и EMUI 9.1.0, но се очекува дека и овој уред ќе добие Android 10 во блиска иднина. Тука ја имаме и батеријата од 4000mAh, која без проблем издржува по цел ден и малку повеќе, а ќе се наполни во рок од еден час. Кога станува збор за Huawei, се повеќе интригантни се апликациите и сервисите на Google. Бидете без грижи, затоа што Huawei P smart Pro доаѓа со сите апликации на Google на кои навикнавме, кои може да се користат ако имате G-Мail. Со тоа мора да се истакне и продавницата на Huawei за апликации - App Gallery, која од ден на ден има се поинтересни апликации во својата понуда. 

Посебно би ја истакнале апликацијата FM Radio што овозможува слушање на радио програми, но и Party Mode кој досега го гледавме на уредите на Honor, а овозможува поврзување на неколку уреди во музичкиот систем за забава. 

Заклучок

Мора да признаеме дека ова е исклучително добар уред, кој има релативно ниска цена, кој без проблем ги задоволува потребите на просечните корисници. Не откривме голем недостаток кај Huawei P smart Pro поради кој би се откажале од неговото купување, а има многу предности. Играњето со поп-ап камерата што излегува може да биде многу, многу забавно. Првите селфи фотографии дефинитивно ќе ви бидат непроценливи.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.