Xiaomi Redmi 7A: Матиран дизајн и огромна батерија за прениска цена

Објавено на 08.03.2020 15:10 во Рецензија


Xiaomi Redmi 7A: Матиран дизајн и огромна батерија за прениска цена

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.0


Цена
10.0


Камера
8.8


резултат
9.4


Наши забелешки

Positives:

- Привлечен дизајн, изработен од од мат поликарбонат;
- Неверојатно голема батерија од 4000mAh;
- Добар интерфејс;
- Солидна камера;
- AI face unlock за отклучување со лице;
- Брзо полнење;
- Ниска цена;

 

Negatives:

- Лоши слики од ноќно фотографирање;



Целата рецензија

Со оглед на тоа што не е многу скап, останува прашањето што добиваме за тие малку пари што ги даваме за Xiaomi Redmi 7A. Дефинитивно добиваме многу, голем дисплеј и батерија од 4000mAh. Redmi 7A чини само 7 илјади денари на македонскиот пазар, што навистина не е многу.

Дизајн

Redmi 7A е изработен од цврсти материјали, и може да се препознае дека е буџетски телефон по дизајнот, но дефинитивно не е очаен по изгледот, туку гордо може да се продава со својот изглед. Има поликарбонатен дизајн и mikroUSB приклучок за полнење, што претставува една заокружена целина на квалитет и цена.

Има голема батерија прилагодена за дебелината и тежината на телефонот и големината на дисплејот, додека заоблената задна страна на телефонот добро ќе ви стои на дланката, така што нема да имате неудобно чувство. Со оглед на тоа што е изработен од мат поликарбонат, а не од стакло или метал, не се потребни ниту видливи антенски линии. Се работи несомнено за чист изглед и цврст дизајн. Постои стандарден 3,5мм приклучок за слушалки до горниот раб на телефонот.

Дисплеј и софтвер

Големината на дисплејот на 7A изнесува 5,45-инчи, кој располага со заоблени рабови и така овозможува неодоливо чувство кога гледате. Што се однесува до самиот дисплеј, тој е импресивен со оглед на цената. Резолуцијата од 720 x 1440 пиксели овозможува компетентно остри слики, а боите и контрастот се целосно прифатливи. 

Благодарение на новиот кориснички интерфејс на Xiaomi - MIUI 10, изработен од Android Pie, има многу смарт функции на екранот, што не би ги очекувале дека може да се најдат на телефон со толку прифатлива цена. Иако нема сензор за отпечатоци на прсти, „AI face unlock“ со помош на RGB предната камера од 5 мегапиксели, а во пракса тоа делува импресивно брзо за отклучување. 

Хардвер

Под хауба Xiaomi Redmi 7A има Qualcomm Snapdragon 439 процесор, кој е одличен за парите, во придружба на 2GB RAM + 16GB ROM меморија. MicroSD картичката до 256GB овде врши голема работа. Батеријата од 4000mAh, резултира со долготрајна достапност на вашиот телефон. Истата батерија ја има и Samsung Galaxy Note 9, што значи дека производителот вградил феноменална батерија овде. Телефонот се потпира на постариот microUSB стандард, но сепак има брзо полнење со 10W.

Камера

Главната камера од 12MP им се заканува на очекувањата со оглед на квалитетот. Што се однесува до снимањето, вкупниот квалитет изгледа пристојно, секако е подобро одошто очекувавме, исто како и кај 7A екранот. Како што погоре спомнавме, предната камера изнесува 5MP, која е доволно добра да ви креира одлични спомени, кои ќе бидат најдобри доколку фотографирате во текот на денот со силна светлина.

Заклучок

Xiaomi Redmi 7A ги има сите карактеристики на ценовно прифатлив Android смартфон - дебел, тешка конструкција од поликарбонат, екран со целосна HD резолуција, можност за microUSB поврзување и ограничени можности за меморијата и складирањето. Општиот впечаток за Redmi 7A е дека има одличен изглед и дава чувство дека чини повеќе. Со премиум компоненти, карактеристики резервирани за понапредните уреди, дефинитивно моделот вреди да се купи. Што мислите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.