Sony Xperia 5: Компактен и привлечен моќен смартфон за гејмери

Објавено на 10.03.2020 07:30 во Рецензија


Sony Xperia 5: Компактен и привлечен моќен смартфон за гејмери

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
9.8


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Gorilla Glass 6 заштита на дисплејот и на задниот панел;
- Моќен процесор за гејмери;
- Side sense систем за управување преку допир на заоблените рабови;
- Android 9 Pie;
- Брзо полнење на батеријата и голема автономија;
- Одлична камера;

 

Negatives:

- Лизгава површина;
- Мала неискористена површина на дисплејот;
- Мал дисплеј;
- Мала батерија;
- Недостаток на автофокус на селфи камерата;



Целата рецензија

И покрај очекувањата дека Sony на IFA саемот во Берлин ќе го претстави наследникот на Xperia 1, стигна неговата компактна верзија. Sony Xperia 5 е уредот што е со помали димензии, па затоа е со помал дисплеј и помала батерија. Нормално, кому му треба голема батерија за мал дисплеј?

Дизајн и дисплеј

Sony Xperia 5 располага со 6,1-инчен OLED дисплеј, кој се простира од раб до раб, резолуција од 2520 x 1080 пиксели и густина на пиксели од 449ppi. Од горната и долната страна повторно има мал дел неискористен простор, но тоа е минимално. Изработката е со класична метална рамка како основа меѓу две стаклени површини, така што е секако препорачливо да го држите уредот во заштитна маска. Задниот дел е малку лизгав, но не е страшно, оти имате Gorilla Glass 6 заштита на дисплејот и на задниот панел.

Хардвер

Под хауба петката има Snapdragon 855 процесор, исто како и Xperia 1. Се работи за еден од најмоќните процесори на пазарот, што не е занемарливо, а има и 6GB RAM меморија. Доколку сте гејмер сигурно би размислувале да го купите овој телефон, единствено ако не ви пречи релативно малиот дисплеј. 

Софтвер

Sony Xperia 5 доаѓа со Android 9 Pie и корисничкиот интерфејс на Sony, а надградбата со Android 10 секако ќе стигне. Што се однесува до самиот изглед, секој што користел некој од поновите уреди на Sony, би требало да се чувствува како дома. Карактеристично овде е навигациското копче од долната страна на екранот, кое може да го подесите во поставките и да го претворите во класично решение со три типки.

Софтверот овозможува дополнителна можност за управување со една рака, иако покрај димензиите на куќиштето нема да имате проблеми во ниту еден случај. Тука се наоѓа и Side sense системот за управување преку допирот на заоблените рабови, што функционира со посебни сензори, само во оваа област. Добро осмислено. Предноста на издолжениот екран се вчитува со едноставно користење на две апликации одеднаш, затоа на овој уред веројатно почесто ќе ја користите split-screen функцијата, отколку на друго место.

Камера

Камерата на Xperia 5 е идентична како онаа кај поголемиот модел на Xperia 1. Се работи за модул со три сензори и леќи, со различни карактеристики и цели. Главниот сензор е со големина од 1/2.6 инчи, има резолуција од 12 мегапиксели, f/1.6 отвор на бленда и класична широкоаголна леќа од 26мм.

Вториот овозможува ист број на пиксели, но физички е помал - 1/3.4″ инчи, f/2.4 отвор на бленда и служи како телефото камера со 2X оптичко зголемување, што е еквивалент со 52мм леќа. Третата камера е ултра-широкоаголна. Овозможува еднаква големина на сензорите, мегапикселите и отворот на блендата како телефото, но и леќа од 16мм со фиксен фокус.

Не можеме да кажеме дека Sony овде направил нешто револуционерно, со оглед на тоа што конкуренцијата одамна има подобри компаративни и реални предности. Сепак, фотографиите што оваа камера може да ги направи, дефинитивно ќе ги задоволи корисниците, па дури и оние што бараат најмногу, но сепак не можеме да ги споредиме со најдобрите на пазарот.

Видео може да се снима со 1080p и 4K резолуција. Xperia 5 има посебна Cinema Pro апликација за снимање на видеа во формат 21:93, што е всушност филмски формат, постојано поддржан HDR, а нуди и рачна контрола на фокусот. 

Селфи камерата доаѓа со 8MP 1/4“ сензор и f/2.0 отвор на бленда. Проблемот може да претставува недостаток на автофокус, но Sony овде очигледно ја следи политиката на другите производители, кои одлучуваат дека не е потребен на предната камера, под претпоставка дека сите имаат иста должина на раката. 

Батерија

Sony Xperia 5 има батерија со капацитет од 3140mAh, што е релативно малку за денешните стандарди, но сосема пристојно доколку ги земеме во предвид вкупните димензии на уредот. Помалиот екран ќе троши помалку енергија, така што автономијата во конечност не се разликува од конкурентските модели со поголеми габарити. Xperiа 5 според автономијата може да се внесе во групата што е малку над просекот, така што дефинитивно заслужува пофалба. 

Телефонот целодневно ќе ве служи без проблем, при што Stamina режимот за полнење може многу да ви помогне во заштедата. Нема безжично полнење, но затоа тука е брзото полнење преку кабел со 18W. За половина час батеријата се полни до 50%, а за 100% е потребен 1,5 час.

Заклучок

Xperia 5 влегува во класата на компактни предводници, во истата категорија што беа и претходните Compact модели на Sony. Нуди се што веќе го има братот Xperia 1, што значи моќен хардвер, одличен екран, брилијантна камера и натпросечна автономија, но со полесно користење со една рака. Што мислите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.