Со што го правите телефонот дополнително бавен

Објавено на 11.03.2020 07:30 во Рецензија


Со што го правите телефонот дополнително бавен

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Премногу непотребни апликации го забавуваат вашиот Аndroid;



Целата рецензија

Една од најчестите причини што вашиот Android е бавен е што меморијата му е преоптеретена. Факт е дека Android телефоните со текот на времето се забавуваат, а начинот на кој ги користиме, дополнително може да го заврза процесот. За да ги избегнете, во продолжение ви претставуваме неколку работи што може дополнително да го ослободи вашиот телефон.

Пренатрупан со податоци

Феноменалната апликација на Google - Files Go, ви овозможува да ги решите сите проблеми во врска со тоа. Апликацијата може бесплатно да ја преземете преку овој линк.

 

Цел куп на bloatware

Најдоброто нешто што може да го направите за телефонот после неговото купување е да го исчистите софтверот. Така му давате повеќе простор за дишење, со што ги бришете сите двојни апликации, календари, мејл клиенти, итн. Повеќето Android телефони доаѓаат со Google верзии на овие апликации, но и верзиите на самиот производител.

Не користете lite верзии на популарните апликации

Повеќето популарни апликации за социјалните мрежи и сервисите на Android имаат 'lite' верзија. Имаме многу такви на располагање, меѓу кои се наоѓаат Facebook Lite, Messenger Lite и добрата стара веб верзија на Twitter. Испробајте ги и верувајте ни. Батеријата ќе трае подолго, апликациите ќе се вчитуваат побрзо, а вие во нив ќе може да уживате подолго.

Софтверска надградба

Секогаш ќе ви се исплати ако го надградите оперативниот систем и апликациите. Покрај безбедносните причини, тука се и подобрените перформанси, постабилен софтвер и подобро корисничко искуство. Како да проверите дали вашиот Android е надграден со најновата верзија?

Влезете во Settings > About phone > System update.

Екран полн со иконки

Се пренатрупаноста на почетниот екран со иконки и анимирани позадински слики, често ги забавува уредите до незамисливи граници. Ако видите дека смартфонот доцни после излегувањето од апликацијата или кога преминувате од една во друга, обидете се да ја вклучите статичната позадина.

Апликации во позадина

Ако забележите дека батеријата ви се празни побрзо од вообичаено, голема е шансата дека за тоа се одговорни CPU циклусите. Апликациите што се вртат во позадина трошат батерија, што значи дека следењето на активностите на батеријата во подесувањата се многу корисна работа. Како да го направите тоа?

Одете во Settings > Battery и пронајдете ја одговорната апликација и одберете Force stop за да ја спречите.

Always-on дисплеј

Always-on дисплеј е многу корисна опција за корисниците што често ги проверуваат нотификациите, но таа како и сите други останати апликации ја троши батеријата. Едноставно исклучете го амбиенталниот приказ во подесувањата.

Bluetooth ви е вклучен, иако не го користите

Исклучувањето на непотребните опции, значи подолг живот на вашата батерија. Разликата меѓу телефонот со исклучен Bluetooth и оној со вклучен не е многу голема, но ако се обидувате да го извлечете максимумот од батеријата, секоја мала работа може да помогне.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони