За што би бил загрижен Стив Џобс ако е жив

Објавено на 15.03.2020 16:49 во Рецензија


За што би бил загрижен Стив Џобс ако е жив

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Технологијата на Apple не заостанува од смртта на Стив Џобс;

 

Negatives:

- Преголема зависност од технологијата;



Целата рецензија

После смртта на Стив Џобс многумина сметаа дека доаѓа тежок период за Apple оти неговиот наследник Тим Кук не е визионер и нема харизма што ја имаше основачот на компанијата. Тим Кук се покажа како тивок лидер, кој на крилата на наследството на Џобс, го издигна Apple на позиција како највредна компанија во историјата. Дел од аналитичарите верува дека нејзината вредност би можела да надмине трилион долари.

Како би изгледал денес Apple да би бил жив Стив Џобс, никој не би можел да знае. Тони Фадел, поранешен вработен во Apple, познат како „таткото на iPod“, вел идека основачот на компанијата сигурно би бил среќен кога ќе види колку луѓе денес ја користат технологијата и производите со логото на гризнатото јаболко. Тој смета дека единствено нешто што би му пречело на Џобс е преголемата зависност на луѓето од технологијата. 

Технологијата навистина го промени начинот на кој живееме и работиме, но не се позитивни сите тие промени, оти се чини дека голем број на луѓе не може да издржат ниту десет минути, без да погледнат во дисплејот на смартфонот, односно новитетите на Facebook, Twitter и другите социјални мрежи. Фадел заклучува дека толкава зависност од технологијата не би можеле да замислиме пред 11 години и веројатно Џобс тешко би пронајдел решение за овој проблем.

За проблемите со зависноста од технологијата, т.е. телефоните и социјалните мрежи, многу се зборува во последните години. Аналитичарите велат дека смартфоните ги уништуваат денешните средношколци и студенти. Шон Паркер, најпознат како основач на Napster и прв претседател на Facebook, исто така рече дека социјалните мрежи буквално ја менуваат нашата поврзаност со општеството и луѓето и денес е тешко да замислиме дека ситуацијата наскоро би можела да се промени.

Една од причините за зависноста на луѓето од технологијата е фактот дека за голем број на технолошки компании е најважна метриката активност и опсег на корисникот, што доведува до проблем од зависноста од технологијата, т.е. интернетот, смартфоните и социјалните мрежи.

Тони Фадел вели дека разговарал со пријателите во Apple и тие „разбираат што се случува“. Пред неколку дена, нјаголемите акционери на Apple, испратиле писмо до управата на компанијата од која барале да се посветат на проблемот со зависноста на младите од нивните уреди, а од компанијата одговараат дека развиваат алатки што ќе им овозможат на нивните родители поголема контрола над уредите што ги користат нивните деца.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.