Nokia 2720 Flip: Евтина понуда со солидни перформанси

Објавено на 24.03.2020 07:30 во Рецензија


Nokia 2720 Flip: Евтина понуда со солидни перформанси

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

- Ниска цена;
- Преклопен дизајн;
- 4G интернет;
- Wi-Fi;
- Две нано СИМ картички и MicroSD картичка:
- Доволно голем дисплеј за постарите генерации;
- Убав дизајн;
- Солидни перформанси;

 

Negatives:

- Ограничени можности;



Целата рецензија

Веќе одредено време им се прогнозира изумирање, но пазарот на обичните телефони секоја година е се поинтересен. Сепак ги има уште и одредена група на луѓе ги бараат исклучиво за „ало, ало“ и СМС пораки. Повеќето се одлучуваат за купување на смартфони, но има и добар дел од корисниците што сакаат обични мобилни телефони и поради цената, која е најважна во Азија и Африка, додека на Западните пазари се купува од практични причини за постарата популација.

HMD Global почна во овој сегмент со Nokia 3310 на MWC во 2017 година, со “Originals” уредите, кои се реинкарнација на постарите Nokia модели. После Nokia 3310, беше претставена Nokia 8110 4G, додека на IFA саемот беше претставен и третиот член од “Originals” фамилијата – Nokia 2720 Flip.

Дизајн, хардвер и софтвер

HMD Global има азиска и има европска варијанта со овие мрежни спецификации: GSM: 850, 900, 1800, 1900 | WCDMA: 1, 5, 8 | LTE: 1, 3, 5, 7, 8, 20. Верзијата за Азија и останатите пазари се со исти GSM појаси, и повеќе. Секоја Nokia 2720 Flip, без оглед на тоа каде е купена, ќе биде компатибилна со европските мрежи без проблем. 

Nokia 2720 Flip е преклопен мобилен телефон и располага со надворешен 1,3-инчен дисплеј и двотонско куќиште, изработено од пластика. Nokia Mobile комбинирала одлична завршна обработка со матирање и постигнала прилично убав изглед на уредот. Под предниот екран се наоѓа логото на Nokia, додека од задната страна ја има камерата од 2MP со блиц и звучник. Задниот панел може да се вади, во кој се крие батерија со капацитет од 1500mAh и влез за две нано СИМ картички и MicroSD картичка.

Големината на дисплејот е ставката со која постарата популација ќе биде задоволна, како и тастатурата со големи копчиња. Кога ќе го отворите дисплејот, внатре имате 2,8-инчен дисплеј, кој е најголем од сите екрани од обичните телефони на Nokia. Nokia 2720 дефинитивно ќе ви биде удобен во раката и поради своите компактни димензии е погодна за ракување и собирање во било чиј џеб. Главниот материјал на куќиштето е пластиката и тоа се чувствува. Уредот изгледа солидно.

Nokia 2720 под хауба има Snapdragon 205 процесор со 512MB работна меморија и 4GB внатрешна меморија, од која само 2,31GB е достапна за корисникот. Во споредба со обичните Nokia текефибу си S30+ оперативен систем, како што е Nokia 105 на пример, со 4MB RAM меморија, овој уред е многу подобар, оти користи и напреден KaiOS оперативен систем. Понапредниот OS овозможува и поддршка за 4G, WiFi (IEEE 802.11 b/g/n), Bluetooth 4.1, FM Radio и GPS. KaiOS исто така доаѓа со прединсталирани популарни апликации, од кои најважен е дефинитивно Whatsapp. Другите апликации вклучуваат Google Assistant, Google Maps, Facebook, Twitter, YouTube, Email, Snakes. итн.

Заклучок

Се поставува прашањето за кого е наменет Nokia 2720 Flip? Без разлика на тоа што е обичен мобилен телефон, има неколку смарт спецификации. Кога ќе ги споредиме со цената од 90 евра, дефинитивно телефонот е одличен за парите. Корисниците што планираат да ја користат Nokia 2720 Flip како исклучиво телефон, можеби е поисплатливо да земат поевтин уред.

Аргументите на страната на Nokiа 2720 се атрактивен дизајн, голем дисплеј и голема тастатура. Дефинитивно е добра понуда што не смеете да ја пропуштите доколку не сакате смартфон. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.