Samsung Galaxy Z Flip: Атрактивен преклопен уникат

Објавено на 02.04.2020 18:00 во Рецензија


Samsung Galaxy Z Flip: Атрактивен преклопен уникат

Оцени

usability
9.8


Перформанси
9.9


Цена
9.9


Камера
9.7


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Флексибилен екран;
- Дизајн на преклоп;
- Флексибилен механизам за зголемување на дисплејот при расклопување;
- Моќен хардвер;
- OLED дисплеј;

 

Negatives:

- Нема Always On Display;
- Послаба батерија;



Целата рецензија

Кога Samsung во февруари го претстави својот нов флексибилен телефон, првите впечатоци беа поделени. Некои сметаа дека е направен чекор назад, затоа што се работи за преклопен телефон, кој некои ги потсетува на старите телефони. Од друга страна, факт е дека Samsung направи чекор напред и наместо да инсистира на големиот телефон што се преклопува на нормална големина, всушност направи „нормален“ телефон што сега „нормално“ може да го собере во џеб.

Некои од аналитичарите сметаат дека со Samsung Galaxy Z Flip се таргетира женската популација. Зошто? Во споредба со Fold, Z Flip е попрактичен за користење. Кога е целосно расклопен, има големина колку смартфоните што може да се најдат редовно на пазарот со големина на екран од 6,7 инчи, но кога ќе го преклопите, изгледа како козметичко огледало или палета за избор на шминка или пудра и цврсто се држи во дланката. Особено во женската дланка. 

Дизајн

Речиси сите жени што го виделе Z Flip, биле воодушевено. Најверојатно дизајнот потсвесно им влијае. Носталгичните воздишки и потсетувања на првите преклопни телефони, зборовите како што се „види како стои во чантата“ и може дури и во џеб да застане, додека мазната блескава површина и огледувањето во неа, се многу честа појава кога би го извадиле Z Flip од чантата или џебот.

За разлика од Fold, Z Flip е многу попрактичен. Fold го привлекува вниманието на луѓето што сакаат да имаат 2-во-1, таблет и смартфон, додека Z Flip привлекува со својата „големина“, односно со неговата компактност. 

Од надворешната страна има мал екран што го демонстрира времето, известувањата за пораки, повици и датум. Истиот дисплеј се претвара во дополнителен екран за време на сликање, така што можете да го видите својот израз на лицето кога некој ве фотографира. Некои ќе кажат дека OLED екранот со големина од 1,1 инч е премал, и дека би можел да биде поголем. Да, можеби е така, но не би бил толку практичен доколку би било поинаку. На овој мал екран често пропуштаме да забележиме дека имаме пропуштена порака или повик. Ја нема Always On Display опцијата, туку ќе мора да притиснете на копчето за вклучување за да видите колку е часот.

Од надворешната страна има USB-C влез, скенер за отисоци на прсти, кој е лоциран на типката за вклучување и типките за подесување на глас. Мора да се внимава кога се отвара и затвара телефонот, оти флексибилните дисплеи се малку чувствителни. При отварањето може да се почувствува благ отпор, поради фактот и што телефонот е нов и неупотребен досега, но нема да имате проблеми околу тоа.

Како и да е, нема да имате проблеми со отварањето и затварањето на уредот. Да, треба малку да ви се навикнат мускулите на одредени промени, но со текот на времето ќе ви стане навика и задоволство. Сепак, имате смартфон со уникатен дизајн, што вреди многу. 

Главното нешто што сите би ги интересирало за Z Flip е колку е видлив преклопот со осовината на средината на екранот? Да, видлив е, но не толку што би му попречил на гледањето, дури и во услови на силна сончева светлина. Кај Fold преклопот се протега на цел екран, додека кај Z Flip е попречен и зафаќа мал дел од екранот и уредот. Да, се чувствува разлика кога ќе преминете со прстот преку преклопот, но тоа е очекувано. Samsung нагласи дека преклопот ќе биде видлив и неговата видливост е нормална појава. 

Дисплеј

Се работи за 6,7 инчен флексибилен OLED дисплеј, кој е облечен во слој на пластика за дополнителна заштита. Под самите прсти може да се осети дека самиот дисплеј не е толку цврст како кај класичните смартфони, но не е ниту толку мек, за да останат вдлабнатини после типкањето. Не се препорачува силно удирање на екранот, ниту типкање со врвот на ноктите, а екранот е супер респонсивен.

Камера

На врвот на екранот во малата дупка е сместена камерата наменета за селфи. Со 10MP ова е пристојна камера за селфи, но надворешната главна камера почесто може да ја користите поради малиот екран. Дефинитивно ова е добра можност, за да не мора да го допирате екранот за да сликате, туку само да стиснете на копчето за гласност од страната.

Кога веќе ги спомнуваме камерите, мора да истакнеме дека на надворешната страна се наоѓа двојната камера од 12MP со опција за снимање на широки и многу широки фотографии, како и блицот. За време на снимањето ќе забележите дека Samsung се посветил за квалитетот на сликата кога зумирате, но и кај ноќниот режим на снимање.

Фотографиите се подобри, дури и без претеран труд. Особено ќе ви се допадне опцијата за „еднократно снимање“, која за едно снимање може да направи и подобри фотографии и видеа, а на корисникот му останува само да ја покрене камерата околу објектот што снима се. Системот (вештачката интелигенција) ќе ги одбере најдобрите фотографии и ќе ви понуди да одберете. Кога ги фотографирате децата, домашните миленици или настаните, ова е брилијантно решение, оти не мора постојано да се префрлате кон различни опции на снимање.

Хардвер и батерија

Што се однесува до останатото, Z Flip е речиси ист како Samsung Galaxy Note+. Z Flip има Snapdragon 855+ процесор, 8GB RAM меморија и 256GB ROM меморија, без можности за проширување. Има Android 10 со Samsung One UI 2 интерфејс. Капацитетот на батеријата не е многу голем, а Z Flip има батерија од само 3300mAh.

Во споредба со другите уреди на Samsung, кои имаат и до 4500mAh капацитет, оваа батерија се чини како премала. Тоа не значи дека нема да го издржи денот. Само треба да се внимава на потрошувачката. Благодарение на опцијата за брзо полнење, возможно е да се наполни за отприлика еден час, а има поддршка и за безжично полнење.

Заклучок

Треба да се истакне уште една чудна одлука на Samsung. Со Z Flip одат во комплет жичени слушалки, се работи за квалитетни слушалки на Samsung. Можеби ова и не е толку вредна информација со оглед на тоа што овој модел го нема во Македонија. Ако го оставиме тоа настрана, Z Flip е уред што ги има сите надворешни и внатрешни адути, привлечен е, и има уникатен дизајн со оглед на тоа што е на преклоп.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.