Пандемијата го претвори Zoom во ѕвезда со сите негови недостатоци

Објавено на 05.04.2020 10:17 во Рецензија


Пандемијата го претвори Zoom во ѕвезда со сите негови недостатоци

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Ефикасна комуникација;
- Можност за деловно вмрежување;

 

Negatives:

- Технички недостатоци во вмешување на неповикани гости на видео конференција;



Целата рецензија

Сите ја користат апликацијата Zoom додека се физички разделени поради пандемијата од коронавирусот. Компанијата има откриено голем недостаток со тоа што неповикани гости може да присуствуваат на одредена видео конференција.

Апликацијата е креирана од инженерот Ерик Јуан во 2011. година, а сега акциите на берзата Nasdaq вредат отприлика 35 милијарди долари. Страста за комуникациски технологии на Јуан датира од 90-те години на 20 век, кога сакал да открие начин за да се гледа со својата девојка, без да патува со воз неколку часа да дојде до неа. 

Zoom се препознава на пазарот како алатка за деловни луѓе, кој се натпреварува со компаниите како што се Microsoft, Facebook и Google. Во март, 200 милиони луѓе го користеле Zoom во споредба со 10 милиони корисници до крајот на минатата година, наведува Јуан. 

Бројот на видео повици порасна и на другите платформи за размена на пораки, како што се WhatsApp, Messenger и Google Hangouts, но Zoom дефинитивно прерасна во ѕвезда. На видеоконференција може да учествуваат максимално до 100 луѓе. Првите 40 минути е бесплатно, а дополнителните минути и услуги може да се користат за 15 долари месечно. 

Zoom го укина ограничувањето од 40 минути за бесплатните кориснички профили за учителите во голем број на земји. Во поставките на Zoom, може да се промени позадинската фотографија, на пример да го поставите мостот Golden Gate или тропска плажа и така да се сокриете од она што навистина се наоѓа зад корисникот.

Луѓето од цел свет остануваат дома поради ризикот од ширење на коронавирусот, па Zoom се претвори во услуга за образованието на далечина, посетување часови, славење на родендени, играње покер, виртуелно учествување на црвени обреди и погреби. Многу едноставен е за користење и бесплатен е, тоа е убаво, вели американскиот учител Џастин Минкел, кој им предава на учениците со помош на Zoom.

Хаосот во куќата како што е лаењето на песот или плачот на детето може да го тргне, но Минкел вели дека го открил решението. Микрофоните на учениците едноставно се намалуваат додека не мора повторно да се слушнат. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.