Google G Suite for Education: Платформа за настава на далечина

Објавено на 11.04.2020 11:15 во Рецензија


Google G Suite for Education: Платформа за настава на далечина

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Квалитативна предност на платформата за утврдување на знаењето;
- Пообјективна проценка на оценки;

 

Negatives:



Целата рецензија

Google ја претстави платформата „Настава од дома“ за учење од далечина, како средишно место за информации и алатки што им помагаат на наставниците во одржувањето на наставата за време на овие кризни времиња предизвикани од коронавирусот (COVID-19). Платформата има за цел да им помогне на наставниците во користење на пакет алатки од G Suite for Education со цел да се поврзаат со учениците и да ги направат лекциите интересни и полесни за учење.

G Suite for Education може да поддржи околу 120 милиони наставници и ученици од цел свет. Веб локациајта во одреден момент веќе нема да биде достапна, но содржината ќе биде достапна на други платформи, како што е Google Teacher Center, велат од Google. G Suite for Education е збир од апликации што овозможуваат пристап кон основните образовни функции: креирање онлајн предавања, генерирање документи од сите видови, обука и управување со училница, споделување на датотеки, e-пошта, итн. 

G Suite for Education е достапен за сите, само што ќе треба да се верификува нашата земја, затоа што ја нема достапно во моментот. Google for Education е решение наменето за учење и дизајнирано за училница, а вклучува управување со настава и учење преку Google Classroom, пакет на алатки за соработка во склоп на G Suite for Education, како и нов начин за соработка со учениците со Google Expeditions. Овие алатки заедно заштедуваат време и обезбедуваат соработка, велат од Google.

Имате и алатка Google Classroom, алатка што им овозможува на настаниците да креираат виртуелни училници и споделување на дигитални содржини, давање задачи, следење на работата и комуникација со учениците. Google континуирано ќе ги ажурира информациите и изворите наменети за држење на настава на далечина, земајќи ги во предвид повратните информации од „теренот“ - од учителите и партнерите.

G Suite for Education е вредна платформа, со која на учителите може да им се заштеди време во административните задачи со цел да вложат многу време во она што е навистина важно: учењето на учениците. Над милијарда ученици во цел свет моментално не може да одат на училиште, додека илјада настаници се соочуваат со нови предизвици за прв пат да мора да водат настава на далечина. Целта е да им се помогне на наставниците и да им се овозможи да продолжат да подучуваат со помош на ресурсите од Google: технологија, програми, експерти и инженери. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.