Honor 20 – Скриен бисер кој ќе ве изненади

Објавено на 12.04.2020 18:00 во Рецензија


Honor 20 – Скриен бисер кој ќе ве изненади

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.0


Цена
9.0


Камера
8.5


резултат
8.5


Наши забелешки

Positives:

 

- Многу достапна цена

- Супер брз процесор

 

Negatives:

 

- Нема OLED технологија



Целата рецензија

Huawei ја имаа таа способност да лансира вистински бисери во средната класа кои нудат многу квалитетни перформанси кои ги задоволуваат сите модерни потреби на корисниците како брз процесор, одличен дисплеј за преглед на содржини, издржлива батерија и секако квалитетна камера со напредни функции. Еден таков скриен бисер дефинитивно е Honor 20 моделот кој често може да го најдете во понудите на мобилните оператори што го прави лесно достапен, со пристапна цена и доста квалитетни сервиси. Затоа во продолжение ќе го разгледаме подетално Honor 20 и што се тој може да понуди.

Дисплеј

Honor 20 доаѓа со доволно голем 6.26 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели и густина на слика од 412 ppi. Како што може да се забележи кај овој модел не е употребена OLED технологија, што е главна причина за намалување на неговата севкупна цена, но и со LCD технологијата постигнува врвна слика, голема прецизност на боите и контрастот, задоволително ниво на осветленост и прегледност, како и висок степен на резолуција со што со мерак ќе гледате HD видеа и мултимедијални содржини.

Перформанси

Како што наведовме и на почетокот Honor 20 доаѓа со многу квалитетни перформанси, односно благодарение на компонентите кои може да се најдат и кај поскапите смартфони на Huawei, обезбедува лесно завршување на задачите за корисникот. Honor 20 во суштина дели многу од спецификациите како и Huawei Nova 5, но со нешто пониска цена од него, а притоа со речиси идентични перформанси. Honor 20 работи со врвниот осум-јадрен HiSilicon Kirin 980 процесор изработен во 7nm процес, со многу ефикасно работење при заштеда на енергија од батеријата.

Honor 20 е опремен и со избор од 6 или 8 GB RAM меморија, 128 GB основна вградена меморија, има скенер за отпечатоци поставен странично, батерија со капацитет од 3750 mAh и брзо полнење од 22,5W.

Камера

Honor 20 е еден од подобрите смартфони во следната класа доколку се гледа потенцијалот на неговата главна камера. Honor 20 располага со Quad камера составена од примарен сензор од 48 мегапиксели f/1.8, 28mm (широка леќа) со 1/2.0" големина на отвор и 0.8µm големина на пиксели, како и поддршка за фазна детекција на автофокус. Помошните сензори на главната камера се составени од улташирока 16 MP, f/2.2, 13mm, 1/3.1" леќа, макро леќа со 2 MP, f/2.4, 27mm, 1/5.0", 1.75µm и еден сензор за длабочина на фокус со 2 MP, f/2.4. Селфи камерата на Honor 20 располага со 32 мегапиксели, f/2.0, 26mm, 1/2.8", 0.8µm широка леќа, има поддршка за HDR и снима во резолуција од 1080p при 30 фрејма во секунда, со видео стабилизација.

Заклучок

Honor 20 во суштина е многу симпатичен смартфон со препознатлив изглед и естетика обезбедени од Huawei, а склопен од страна на суб-брендот Honor, кој одлично се вклопува во средната класа на смартфони со имресивен процесор. Најголем адут на Honor 20 е тоа што за вложените пари и тоа доста скромна сума од околу 250 евра добивате квалитетен мобилен уред кој ќе ви помогне да правите одлични фотографии, навремено и без никаков застој да ги завршувате сите задачи и предизвици. Што мислите вие за Honor 20 и дали би му дале шанса?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар