Апликацијата Стоп Корона ќе помогне во следење на изложеноста на КОВИД-19

Објавено на 13.04.2020 15:45 во Рецензија


Апликацијата Стоп Корона ќе помогне во следење на изложеноста на КОВИД-19

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Мобилна апликација за следење на изложеноста на КОВИД-19

 

Negatives:



Целата рецензија

Мобилната апликација Стоп Корона треба да им помогне на здравствените власти во утврдување на лицата со кои бил во контакт заразен пациент со КОВИД-19, а со тоа и полесно да се спречи синџирот на ширење на болеста. Како и вообичаено со сите кои биле во контакт со заразено лица се собираат податоци за мобилните уреди со кои еден корисник бил во изминатите 14 денови сметајќи дека во тој период можело да го пренесе корона вирусот. Се даваат гаранции дека Стоп Корона нема да ја наруши приватноста на корисниците бидејќи секој корисник се води под уникатен број односно шифра. 

Како функционира апликацијата за спречување на заразата?

Апликацијата Стоп Корона се активира преку регистрација со мобилниот број, се внесува код кој пристигнува по СМС и се вклучува опцијата за вклучување на Bluetooth конекција. 
Апликацијата комуницира преку Bluetooth со другите корисници на апликацијата и разменува енкриптирани, анонимизирани податоци за оддалеченоста на сите уреди кои се во ваша близина, на далечина релевантна за ширење на заразата, определено време во текот на изминатите 14 дена.

Во случај некој корисник на апликацијата да заболи од вирусот, Министерството за здравство, ќе побара корисникот на апликацијата да ја сподели со Министерството листата на неговите записи во апликацијата, по што надлежните ќе ги детектираат телефонските броеви и ќе ги информираат лицата дека биле во контакт со лице кое е носител на COVID-19 , водејќи сметка за целосна заштита на приватноста.

Каква е заштитата на приватноста на податоците?

Дел од граѓаните оваа апликација ја земаа со доза на резерва со оглед на тоа што истата се однесува на работа со сензитивни податоци. Од страна на девелоперите се вели дека Апликацијата не следи ниту собира податоци за вашето движење и локација. Користи Bluetooth технологија за да го утврди вашето растојание од другите телефони на кои е активна истата апликација.

Кога сте блиску до друг телефон со активна апликација, двата телефони користат Bluetooth за да разменуваат шифри (алиаси) од апликацијата. Истите може да ги декриптира само Министерството за здравство и не го открива вашиот идентитет или идентитетот на другата личност.

Сите податоци се шифрирани и се чуваат на самиот телефон на корисникот. Во случај корисникот на апликацијата да се зарази со COVID-19, самостојно одлучува дали на Министерството за здравство ќе му даде пристап до неговите податоци зачувани во мобилниот телефон кои не содржат мобилни броеви туку само шифри, кои може да ги декриптира исклучиво Министерството за здравство.

Каде може да ја инсталирате?

Апликацијата е достапна за Android и iOs, со тоа што треба да дозволите да работи во позадина со вклучена Bluetooth конекција. 

StopKorona! е мобилна апликација за лесно откривање на контакти со потенцијално заразени лица од COVID-19, изработена и донирана од Nextsense како поддршка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија во исклучителните напори во борбата против COVID-19.
Апликацијата е изработена во консултации и со поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар