За сите корисници на PlayStation 4 - Масовни попусти и распродажби

Објавено на 25.05.2020 14:00 во Рецензија


За сите корисници на PlayStation 4 - Масовни попусти и распродажби

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Големи попусти и распродажби на видео игри и претплати

 

Negatives:



Целата рецензија

Sony започна се серија на големи попусти на голем број на популарни наслови на видео игри за PlayStation 4, како и за различните претплати за нивната PlayStation Network каде корисниците може да се вклучат онлајн, да активираат различни додатоци и да имаат евиденција за нивните игри.

Sony PlayStation се вклучи во акциите на гејмерската индустрија во екот на пандемијата со КОВИД-19 кога интересот за видео конзолата нагло се зголеми, па така се повеќе се играат видео игри и се купуваат содржини. 

Денови на бесплатни игри и намалени цени

Како што наведовме и натаму голем број на луѓе се принудени на физичка изолација и дистанца, па имаат доволно време дома за видео игри. За таа цел Sony ги најави PlayStation's Days of Play 2020 кои официјално започнуваат од 7 јуни и според очекувањата зделките ќе бидат и подобри во однос на изминатиот Black Friday.

Дел од зделките веќе се активни и сега како најава за тоа што ќе следи. Во овој период Sony нуди попусти за популарни Triple A наслови, како и за претплатите за PlayStation Network сервисите кои ќе ви ги претставиме во продолжение.

PS Virtual Reality:

PS VR Starter Pack за 211 евра - заедно со Resident Evil 7 / Rick and Morty: Virtual Rickality

PS VR Starter Pack за 225 евра

PS VR Mega Pack за 257 евра

PS Plus/PS Now:

12-месечна претплата на PlayStation Plus за 40 евра

12-месечна претплата на PlayStation Now за 40 евра

3-месечна претплата на  PlayStation Now за 20 евра

PlayStation 4 игри:

Death Stranding од 27.99 евра

God of War за 13.99 евра

The Last of us Remastered за 13.99 евра

Horizon Zero Dawn - Completed Edition за 13.99 евра

Uncharted 4 за 13.99 евра

Uncharted Collection за 13.99 евра

Marvel's Spider-Man за 17.99 евра

Marvel's Spider-Man - Game of the Year Edition за 24.59 евра

Days Gone од 17.59 евра

Nioh 2 од 44.69 евра

The Witcher 3: Wild Hunt од 13.99 евра

Assassin’s Creed Odyssey од 22.99 евра

Red Dead Redemption 2 од 33 евра

*Горенаведените цени се важечки во моментот на пишување на текстот, истите може да биде променети

Исто така може да најдете и попусти за игрите од серијата на PlayStation Hits помеѓу 15 и 20 евра, што секако е одлично намалување со оглед на тоа што добар дел од овие игри како The Last of Us Remastered, God of War и Horizon Zero Dawn кога беа лансирани чинеа околу 60 евра, а по неколку години цената се движи меѓу 30 и 50 евра.

Деновите на игри на PlayStation маркетот за видео игри ќе трае до 17 јуни, па често посетувајте и можеби ќе ја најдете вашата игра која долго време ја посакувате и ја чекате да биде ставена на попуст. Во комбинација со некоја од претплатите на PlayStation мрежата може да добиете и дополнителни бенефиции, па доколку поседувате PlayStation 4 сега е одлично време да ја обновите вашата колекција на видео игри.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар