Huawei P Smart Z: Џиновски дисплеј со поп-ап камера

Објавено на 26.05.2020 07:30 во Рецензија


Huawei P Smart Z: Џиновски дисплеј со поп-ап камера

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.5


Цена
10.0


Камера
9.7


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Прифатлива цена;
- Поп-ап селфи камера;
- Буки ефект;
- EMUI 9.1;
- Огромен дисплеј;

 

Negatives:

- Послаб хардвер;



Целата рецензија

Huawei P Smart Z е пластичен смартфон, со добра изработка и двојбојна пластика. Специфичен е по неговиот огромен дисплеј од 6.59 инчи и неговата поп-ап селфи камера. Навистина е привлечен смартфон.

Дизајн и екран

Силната страна на Huawei P Smart Z е неговото куќиште, пластично и некршливо, но и лесно се гребе. Затоа сами мора да одлучите дали тоа ви се допаѓа или не. Факт е дека стаклените мобилни делуваат поубаво и поскапо, иако двобојната позадина на P Smart Z изгледа добро. Поради големата тежина и квалитетната изработка ќе заборавите дека е пластичен.

Големиот 6.59″ инчен IPS дисплеј со FullHD+ резолуција овозможува добра острина, кој е уште еден добар екран на Huawei, што навистина не воодушевува. Стабилно ја држи светлината, контрастот и бојата. Има прилично добар видлив агол и бои, но светлината на сонцето би можела да биде повисока и тоа е главната забелешка. 

Хардвер

Kirin 710 има и наследник - Kirin 810, но тоа не значи дека овој осум јадрен чип е лош или бавен. Тоа всушност е предноста кај овој телефон, и благодарение на ова цената е пониска. Kirin 710 е чипсет изработен со 12 нанометарски процес, со осум јадра: 4 x 2.2 GHz Cortex-A73, 4 x 1.7 GHz Cortex-A53 и графика - Mali-G51 MP4. 

Во комбинација со 4GB + 64GB меморија, може да очекувате многу добри перформанси во пракса, без оглед дали сурфате, фејсате или играте. Измерените резултати се во дифолт поставки, активиран ефикасен начин што го подигнува Antutu на 142.000 поени. Тоа се цифрите во согласност со очекувањата, а во пракса вреди истото: Kirin 710 во комбинација со EMUI 9.0 е способен изведувач.

Батерија

Прилично штедливиот Kirin 710 процесор во комбинација со батерија од 4.000mAh ќе овозможи добра автономија. Сметајте дека може да бидете постојано активни до два дена автономија. Тешко е да се испразни во еден ден. Huawei P Smart Z е штедлив, за половина час може да се наполни до 31%. 

Софтвер

EMUI 9.1 е фино изработен, има подобри перформанси на интерфејсот и супер му стои на P Smart Z, кој е ист како и кај Mate 20 Pro. EMUI е еден од најубавите интерфејси, кој располага со мазна работа, убаво е изработен од верзијата на 9.0.

Камера

За разлика од P30 Lite кој е поскап, цената не дозволува за P Smart Z да добие поголем и подобар сензор на камерата - Sony IMX586. P Smart Z располага со 16MP kameru камера со F1.8 оптика, без OIS и со брзо PDAF фокусирање. Следува со него длабочински сензор за подобри „буки“ фотографии за замаглување на позадината.

Со оглед на тоа што селфи камерата е главната ѕвезда, се тргнува со неа. Освен тоа што е моторизирана, може да се пофали и со 16MP сензор зад F2.0 леќата. Какви и се фотографиите? Ако внимавате на две нешта, да немате кадар со светло зад себе и да ја држите на фокусна далечина, е неопходно за остри фотографии. Главната камера нуди добри перформанси дење, деталните се брилијантни, особено поради зеленилото што има видливо повеќе детали од предводник со 12MP.

Заклучок

Huawei P Smart Z е добредојдено освежување во средната класа. Има добра оценка со оглед на перформансите, батеријата и вкупниот впечаток, а шлаг на тортата е навистина големиот екран од 6.59″ без иритирачки дупки или заби, благодарение на моторизираната селфи камера. Тоа не го нуди никој за цена од 12.000 денари. Не е се совршено, главната камера не соборува рекорди во услови на слаба осветленост. Како и цел пакет, P Smart Z е атрактивен и добро погоден телефон.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.