Што е точно 5G, како работи и за што служи

Објавено на 27.05.2020 07:30 во Рецензија


Што е точно 5G, како работи и за што служи

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Неверојатно брз трансфер на податоци;

 

Negatives:



Целата рецензија

Последните години често се спомнува 5G кратенката што би требало да донесе револуција во нашите животи, со тоа што ќе овозможи голема брзина во вчитување на датотеките. Со тоа ќе се овозможат бројни напредоци во медицината, технологијата, телекомуникациите и пошироко.

Што е всушност 5G?

Едноставно кажано, 5G е петтата генерација со гигабитна брзина на мрежата. Тоа е генерација на мобилни мрежи што се базира на постоечки технологии, но ќе овозможи нова примена. Кога зборуваме за 5G, не зборуваме само за една технологија, туку за група на различни технологии. Токму тие различни технологии ќе им овозможи на корисниците, значи за сите нас, дека мобилните мрежи ги користиме за уште повеќе нешта и во приватниот и во деловниот живот.

Така 5G технологијата ќе овозможи значително побрз пристап кон интернет, поголем број на поврзани уреди и подоверлива комуникација со помало доцнење или без доцнење.

Како функционира 5G?

5G мрежата во основа функционира како и сите досегашни мобилни мрежи. Мобилниот уред што поддржува 5G технологија, испраќа сигнал на одредена фреквенција, го прима базната станица и го пренесува понатаму, а повратниот сигнал испраќа повторно на мобилниот уред. Разликата во односот на 4G или 3G е во фреквенцијата што ја користи и начинот на кој ги пренесува самите податоци. Според податоците од HAKOM, фреквенциските појаси што ќе се употребуваат во Хрватска за 5G технологијата се 700 MHz и 3,6 GHz, а во подоцнежната фаза и 26GHz.

Благодарение на новите начини на енкодирање, едноставно кажано пакирање и испраќање на податоци, 5G технологијата може да користи иста фреквенција како и 4G, но ќе реализира 30% поголема брзина. Кога ќе стане целосно функционална, на корисниците ќе им се овозможи 600 пати побрза размена на податоци, во споредба со моменталната 4G мрежа. Ако го кажеме тоа вака, на 5G мрежата ќе може да преземете филм со висок квалитет за само 25 секунди. 

Новата мрежа ќе овозможи играње на видео игри на интернет стриминг сервиси без никаков застој, дополнително вчитување или бавни реакции на ликовите во играта. Исто така, ќе овозможи за бројни нови уреди кои за функционирање и комуникација имаат потреба за брза интернет врска за да може да работат беспрекорно. Како автономните автомобили, различните сензори што ја следат температурата, зафатените паркинг места или пак бројот на луѓе во трговскиот центар.

Дали 5G технологијата е опасна?

Не е поопасна од технологијата што ја користиме и сега, како што се Wi-Fi или 4G. Електромагнетните бранови не може да произведат, пренесат или створат било какво биолошко творештво, па така ниту вирусот или бактеријата. Единствената нус-појава при користење на електромагнетните бранови е загревањето на ткивото. Строгите прописи што телеоператорите ги применуваат се дека користењето на базните станици и одржувањето на мрежата за смартфоните мора да бидат безбедни.

Универзитетскиот професор Давор Бонефачиќ смета дека 5G технологијата не е поопасна од постоечките безжични комуникациски технологии. Тоа значи дека не ни треба нова или посебна мерка за заштита. 

Ни  треба ли 5G технологијата?

Доколку сакаме да напредуваме како општествео, но и да одржиме чекор со другите држави, мора да ја прифатиме и воведеме новата технологија. 5G технологијата ќе биде основа за развој на стопанството и новите технолошки решенија што ќе ни овозможат подобар квалитет на живот.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.