Facebook во битка за уништување на TikTok со новата Collab апликација

Објавено на 27.05.2020 18:06 во Рецензија


Facebook во битка за уништување на TikTok со новата Collab апликација

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Зголемена конкуренција меѓу социјалните мрежи

 

Negatives:

 

- Опасност од целосна доминација на само една компанија



Целата рецензија

Facebook откако успешно го неутрализираше влијанието на Snapchat преку копирање на функциите во Instagram, сега има нов непријател во кинеската апликација TikTok која прерасна во глобален феномен и новиот избор за социјална мрежа пред се на младите генерации. Најновиот обид во битката за уништување на TikTok доаѓа преку новата апликација Collab која е лансирана од страна на експерименталниот оддел на Facebook. 

Каква опасност претставува Collab?

Првенствено новата апликација Collab е најавена како специјализирана социјална мрежа за музичари и фанови. Најосновната функција на Collab ќе биде можноста за креирање на кратки видеа со песни на кои ќе може да соработуваат различна група на пријатели.
На пример еден ќе ги пее вокалите, друг ќе го обезбеди ритамот, а трет може да свири на гитара или било кој друг инструмент. Откако видеото ќе биде објавено на главното поле со информации на Collab, исто така и останатите корисници ќе може да направат своја верзија на видеото, да искористат само дел, на пример вокалите, ритамот или инструменталниот дел за нивните видеа, и се така во неограничен круг на ремикси и реобјави.

Ова секако е опција која можеби е најавена како наменета само за музичкиот свет, но сосема јасно дека е насочена кон функциите кои TikTok веќе ги нуди на пазарот. Интересно е што, TikTok започна како апликација за караоке, односно корисниците се снимаа како пејат на плејбек нечија туѓа песна. Потоа видеата станаа огромни хитови, а оваа социјална мрежа веќе има влијателни корисници и ѕвезди кои имаат милиони следбеници, огромен број на прегледи, спонзори и нови креативни содржини кои секојдневно ги објавуваат.

Развојот на заедницата на TikTok со забавните видеа постојано вади некои нови трендови, предизвици, танцови, имитации и слични форми на забавно изразување. Затоа и Facebook стравува дека нивните социјални мрежи ќе изгубат атрактивност, бидејќи вклученоста на корисниците на TikTok е многу ангажирана, наместо пасивна со споделување на линкови, слики и статуси. 

Кога ќе настапи Collab?

Според најавата новата апликација Collab се развива неколку месеци, и за почеток ќе биде достапна на платформата за iPhone каде има богат избор на апликации за музички додатоци и креативно изразување. Понатаму Collab секако, ќе биде достапна и за Android платформата, а ќе биде бесплатна за користење, но засега нема детали до колкав степен ќе биде интегрирана со останатите апликации кои се во сопственост на Марк Цукербег.

Финални забелешки

Facebook веќе во неколку наврати се обиде да му нанесе удар на TikTok преку копирање на дел од функциите во претходно успешната формула на Instagram, но оваа социјална мрежа иако и натаму е ултра популарна меѓу тинејџерите и младите, не доби таков правец на искористеност на опцијата Reels за споделување, преснимување и ремикси на видеа со пеење, имитации и предизвици.

Collab според најавите ќе биде многу забавна апликација за користење, со неограничени можности за реобјавување, опција која сигурно ќе им биде омилена на многумина, но дали ќе успее да создаде сопствена заедница и во кој правец таа ќе продолжи да креира, засега може само да се претпоставува. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар