Смартфонот ќе ви кажува дали сте на безбедна физичка дистанца
Наши забелешки
Positives:
- Иновативна алатка за мерење на пропишаната физичка одалеченост
Negatives:
- Ограничени практични примени во експериментална фаза
Google лансираше уште една алатка за борба со последиците од пандемијата со КОВИД-19 за да им помогне на корисниците да одржат безбедна физичка дистанца пропишана од здравствените власти, како на глобално ниво така и во Македонија.
Со оглед на тоа што рестриктивните мерки, карантинот и полицискиот час се укинати, сега останува на свеста на граѓаните да ги почитуваат препораките за спречување на корона вирусот. Тука на сцена стапува новата експериментална алатка Sodar на Google која го користи софтверскиот пакет за развој на апликации WebXR, односно овозможува примена на виртуелна и промената реалност (Virtual and Augmented Reality) кај различни десктоп и мобилни уреди.
Sodar како алатка за одржување физичка дистанца
Во суштина Sodar е многу едноставна алатка за користење. Се што треба да направите е да ја додадете екстензијата преку интернет прелистувачот Chrome. Потоа треба да ја користите камерата на смартфонот, а на екранот автоматски ќе се мери одалеченост од пропишаните 2 метри (6,6 фити).
Така во реално време додека сте во различни простории или на отворено, на пример додека чекате ред или сте на јавен простор може да измерите дали има одалеченост од 2 метри до најблиската личност околу вас.
Практичност и идна употреба
Како што наведовме алатката Sodar засега е во експериментална фаза и нејзината практична примена и не е баш преголема, со оглед на тоа што корисниците треба да ги држат нивните смартфони со вклучени камера за да измерат два метри. Секако, во одредени ситуации доколку сметате дека е потребно со Sodar може да се осигурате дека вие како и тие околу вас на потребната одалеченост.
Идната намена на Sodar се гледа во развој на пример на Augmented Reality очила со виртуелен приказ на мерачот што ќе биде многу поприродно и полесно за користење без значајно да се попречува вашето видно поле.
Што мислите вие за Sodar и дали ваков вид на алатка би користеле додека трае пандемијата со КОВИД-19?