Huawei P40 Pro - Камера за шампиони

Објавено на 18.06.2020 12:33 во Рецензија


Huawei P40 Pro - Камера за шампиони

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

  • - Најнапредна камера во премиум смартфон
  • - Многу широк динамичен опсег
  • - Добри детали во снимки од среден и долг дострел на зумирање
  • - Accurate exposure во ноќни снимки
  • - Константо брз и точен автофокус
  • - Многу ефективен стабилизатор на слика во видеата 

 

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei P40 Pro е еден од најнапредните камера смартфони на пазарот со голем број на иновации во главниот модус на задната страна составен од четири сензори. Huawei се потруди да лансира врвен смартфон во премиум класата кој ги има сите моќни атрубити, а камерата е чекор понапред со што сериозно ја предизвикува конкуренцијата која во изминатиот период исто така се фокусираше на камерата како еден од најважните сегменти за корисниците.

Фотографија од ноќни услови

Шампионски резултати на DxOMark

Huawei P40 Pro успеа да освои највисоки оценки за неговиот поприроден приказ на сцената, а има шампионски оценки и за сликање при слаба осветленост, како и со употреба на посебниот Night режим кој дури и кога е најтемно дава употребливи резултати со доста детали на самите слики, за што имаме повеќе образложено во понатамошиот текст.

Спецификации на камерата

  • - Quad camera
  • - Примарна: 50 мегапиксели, f/1.9, оптичка стабилизација на сликата, PDAF фокусирање
  • - Теле: 12 мегапиксели, f/3.4, оптичко зумирање на сликата до 5 пати, оптичка стабилизација на сликата, PDAF фокусирање
  • - Ултра широк агол: 40 мегапиксели, f/1.8, PDAF фокусирање
  • - TOF 3D сензор за длабочина на сликата и додатни ефекти
  • - LED flash
  • - Предна двојна камера: 32 мегапиксели, f/2.2, автоматско фокусирање и широк агол на сликање
  • - 4K видео, 2160p/60fps



Huawei P40 Pro постигна фантастични резултати со 128 вкупен број на поени како на главната камера поставена на задната страна составена од четири леќи, така и на селфи камерата на предната страна. Примарниот Quad-Bayer сензор на Huawei P40 Pro располага со 50 мегапиксели, има огромна леќа од 1/1.28″ која собира големо количество на светлина што е клучно за квалитет на сликите и видеата, а нуди и одлични перформанси за ноќно сликање и во услови на слаба надворешна осветленост.

Сликано со Aperture модус

Само за правење на слики со Huawei P40 Pro од страна на DxOMark се доделени 140 поени, додека пак за снимање на видеа резултатот е 105 поени.



Селфи камерата на Huawei P40 Pro доаѓа со два сензора од кои примарниот има 32 мегапиксели со 1/2.74 леќа и f/2.2 апаратура за создавање на совршени селфи фотки како и видеа. Според DxOMark квалитетот на селфи камерата на Huawei P40 Pro е оценет со 103 поени. Само за сликање доделени се 108 поени, додека пак за видеата направени со селфи камерата на Huawei P40 Pro постигнати се 95 поени.

Главното подобрување на селфи камерата на Huawei P40 Pro е воведувањето на автофокус што овозможува многу поквалитетни резултати. Хардверскиот аспект на Leica камерите на Huawei P40 Pro како и софтверските елементи, моќноста на новиот осум-јадрен Kirin 990 5G процесор и поддршката од вештачка интелигенција за обработка на сликите, овозможува соврешена мобилна фотографија.

Ние направивме слики преку ден и може да се забележи дека камерата ги опфака сите детали. Бевме импресионирани од зум можностите на P40 Pro. Овој телефон не го користи само хардверскиот зум туку користи и софтвер систем за негово подобрување. Само примарната камера се користи за зголемување до 2x; теле-камерата може да зголеми 5x и повеќе.
За оптимални детали, сликата од 5х теле-камерата е во централната рамка, па со помош на  сликата од главната камера и обработка со AI се додаваат крајните агли што недостасуваат на сликата. Како што може да забележите со добра соработка на хардверот и софтверот Huawei ви овозможува да ја направите својата шампионска фотографија.

Споредба со зоом

Камерата на Huawei P40 Pro овозможува и до 50х зум фактор.  Следната слика е со зум од истата местоположба.

Зумирана фотографија

Кога направивме исечок од оваа зумирана слика бевме изненадени. Пробавме да го одвоиме делот од автобусот, каде што го пишува бројот на линијата, и можевме точно да видиме, и покрај тоа што бевме на поголема далечина и беше невозможно да се види со човечко око.

Исечок од зумираната слика

Ноќно сликање

Ноќниот режим на Huawei P40 Pro е вистинско ремек дело. Многу смартфони вршат солидна работа преку ден кога има доволно надворешна сончева светлина, но ноќе со лимитирана светлина губат многу од квалитетот. Huawei P40 Pro покажува дека дури и во вечерни услови може да направи прекрасна слика со изострени детали, опфаќајќи ги сите извори на светлина на сцената, нудејќи засилен контраст, прегледност, како и фантастична репродукција на бои.



Истата сцена сликана со Huawei P40 Pro нуди подобар квалитет, подобро се опфатени сите извори на светлина, боите се уверливи и контрастот е видлив и тука сосема јасно е дека P40 Pro ја добива битката за ноќното сликање.

Погледнете ги исечоците од сликата за подобар приказ на деталите

Исечок од сликата на Huawei P40 Pro

Исечок од сликата на iPhone 11

Видео можностите на Huawei P40 Pro

По дифолт Huawei P40 Pro снима видеа со 1080п со 30 фрејмови во секунда со ултра широката камера, исто така е возможно и 4К видеа со 60 фрејмови во секунда на основната камера.

Huawei P40 Pro го споредивме со снимањето на iPhone 11 исто така еден од смартфоните кој важи за меѓу подобрите во камера одделот со богат избор на алатки и напреден хардвер.

Евидентно е дека камерата на Huawei P40 Pro обезбедува многу подобри резултати и тоа во повеќе сегменти. Најпрво звукот од околината е многу постабилен, нема толкаво ниво на дисторзии. Потоа во тестот за зумирање забележавме дека Huawei P40 Pro е многу побрз, подобро ја изострува сликата на далечина, го задржува високото ниво на деталност на сликата.


 Huawei P40 Pro покажа одлични резултати и во стабилизација на сликата додека снимавме во движење и нуди попријатен поприроден преглед на сцената.

Финални забелешки

Huawei P40 Pro задржувајќи го поприродниот изглед на сликите и видеата нуди поопширен приказ на деталите, има одлична осветленост на сликите и поприродни бои. Затоа овој модел топло им го препорачуваме на сите кои сакаат совршено да изгледаат на сликите споделени на социјалните мрежи, да прават селфи фотки од сите убави моменти како и да добијат уметнички ефекти на сликите и видеата.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар