Телефони ги тестираше апликациите на Huawei AppGallery (Видео)

Објавено на 22.06.2020 10:00 во Рецензија


Телефони ги тестираше апликациите на Huawei AppGallery (Видео)

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Македонски апликации на AppGallery;
- Сосема нов софтвер HarmonyOS;
- Едноставен начин на употреба на новиот оперативен систем;

 

Negatives:



Целата рецензија

Поради причината што Huawei е на црната листа на САД и американските компании не смеат да соработуваат со кинескиот бренд. Google веќе не може да го дава својот оперативен систем Android поради блокадата, па затоа Huawei мораше конечно да инсталира свој оперативен систем на своите смартфони, кој потајно го провлекуваше и претходно кај своите смартфони - HarmonyOS со продавницата за апликации Huawei AppGallery.

Работите сега со AppGallery одат поинаку и затоа мора да ве информираме детално како може да наоѓате апликации за новиот оперативен систем. Во оваа пригода Телефони.мк сака да ви демонстрира како на дело функционира новиот софтвер на Huawei - HarmonyOS, видеото може да го погледнете подоле. 

P40 серијата пристигнува со новиот софтвер, а ние го земавме Huawei P40 Pro за тестирање и објаснување. Huawei AppGallery е дефинитивно достојна замена за Google Play Store, односно ги привлече корисниците повеќе кон себе. Ајде да нурмене и да видиме што може да се најде во AppGallery.

Што можеме да најдеме на Huawei AppGallery и MoreApps

Официјалната продавница за апликации на Huawei ги има сите популарни апликации, како што се: Zoom, Here WeGo, Maps Me, Viber, додека од македонските апликации ги има AirCare, Moj A1, m-banking by Stopanska banka, MojDDV и многу други. Апликациите се инсталираат за брзо време и може да ги користите сите функционалности.

MoreApps е тука за пребарување на апликации што ни се потребни, а ги немаме во официјалната продавница AppGallery, а ги имаме на Google Play Store. MoreApps е еден вид на пребарувач за апликации, преку кој на пример, ја откривме играта 5 Plus за деца, а ја имаше и Cineplexx Makedonija.

Постапката за инсталација на апликација е едноставна, одите во MoreApps, па ве пренасочува да кликнете и да ја преземете од APKPure (Download From APKPure), па одите на Install.

Македонски Апликации на AppGallery

Инсталиравме неколку македонски апликации и истите ги тестиравме. MojDDV функционира беспрекорно, која е наменета за скенирање на фискални сметки со максимална сума од 30 илјади денари. После секое скенирање на сметките, секако дека може да ги проверите извештаите за поврат на ДДВ, колку фискални вкупно сте скенирале и колкава е вкупната сума на пари што сте ја скенирале од сите сметки. 

AirCare, односно Мој Воздух, е апликацијата што функционира без никакви проблеми, а ја тестиравме и mZaednica, која е македонска апликација исто така. Мораме да посочиме дека ј инсталиравме и тестиравме апликацијата на Стопанска банка која што веќе ја има на App Gallery, и истата супер функционираше. Се разбира, не може сите апликации да станат достапни на AppGallery преку ноќ, но компанијата интензивно работи на случајот за брзо време да имаме уште многу да достапни македонски апликации. 

Апликациите што глобално се употребуваат од корисниците се Zoom, Skype, Viber, Messenger, и WhatsApp, кои функционираат беспрекорно. Google Maps ги немате овде, но заменски апликации за нив се MapsMe или HereGo, кои исто така поседуваат опција offline преземање на мапа за снаоѓање на места каде што немате достапност од интернет, иако сега за време на коронавирусот луѓето немаат толку потреба од оваа опција, поради изолацијата и намалената социјализација. Се разбира, достапни ви се и cloud апликациите за зачувување и споделување на фајлови и без проблем може да ги инсталирате Box, Dropbox, OneDrive, и ES File Explorer. Пробано, тестирано, функционира.

HarmonyOS има и интересни игри за забава, од кои ја пробавме Traffic Rider. На видеото одоздола, може да ја погледнете целата видео рецензија. 

Како што веќе пишувавме за MoreApp може да процитате тука.

Апликацијата „Мој ДДВ“ достапна во Huawei App Gallery

Вложени се милијарда долари во додавање бројни познати глобални, но и локални апликации во оваа продавница, па така веќе сега Huawei App Gallery е третиот најголем еко-систем на апликации на светот, по Google Play и Apple App Store. Од денеска и аикацијата Мој ДДВ може да се превземе од Huawei App Gallery.

Заклучок

Новиот оперативен систем на Huawei е позитивно изненадување што функционира беспрекорно, кое ги возбуди корисниците со тоа што понуди нешто ново на пазарот и го привлече вниманието со драстично ниските цени исто така. Како што и самите можевте да ги проследите цифрите, продажбата на кинескиот бренд не опаѓа многу, кој и не се потпира толку на светот како на домашниот пазар, оти Кина е една од најбрзорастечките економии во светот. Huawei дефинитивно ги менува нештата на пазарот на смартфони и софтвери, кој се осмели да изврши драстична промена со софтверот. Корисниците одговараат позитивно на сето ова, а веруваме дека со нетрпение се очекуваат цифрите од продажбата на Huawei на крајот на 2020 година. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.