Apple влегува во нова ера: Наместо Intel, ќе користи Apple Silicon

Објавено на 23.06.2020 09:22 во Рецензија


Apple влегува во нова ера: Наместо Intel, ќе користи Apple Silicon

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Поголеми можности за почетниот екран кај iOS 14;
- Нов и подобрен watchOS 7;
- macOS 11 Big Sur со опција за префрлање апликации од iPhone или iPad на Mac;
- Свои и нови процесори Apple Sillicon;

 

Negatives:



Целата рецензија

Традиционалниот настан на Apple WWDC ниту оваа година не не разочара. Беше полн со новости, а ја најави и новата ера во Apple. На самиот почеток цело внимание беше насочено кон новата верзија на оперативен систем - iOS 14, кој носи со себе низа новости за iPhone и iPad. 

Она што корисниците веднаш ќе го забележат е новиот изглед на почетниот екран. Така сите апликации во иднина ќе бидат организирани во App Library, што на корисниците ќе им овозможи полесно да се снајдат со апликациите и да си направат ред на почетниот екран. Апликациите ќе може да ги наредите редоследно од најмногу користените до најмалку користените. Тоа значи дека поупотребуваните апликации ќе бидат на врвот. 

iOS корисниците на 14 верзија ќе може на почетниот екран да го стават она што Android корисниците го прават веќе со години - различни виџети и додатоци што покажуваат временска прогноза, напредок во вежбањето, мејлови, распоред во календарот и слично.

Новиот iOS 14 има нова апликација за преводи што преведува текстуално и гласовно. Интересно е тоа што целиот превод се одвива директно на самиот уред, па апликацијата може да се користи и кога корисникот не е конектиран на интернет. Засега преводот е достапен на 11 јазици, а од Apple најавуваат дека цифрата ќе се зголемува.

Apple Maps има неколку нови опции како што се упатства за велосипедисти и електрични возила со ознаки. Најинтересната новост можеби е CarKey опцијата, со којашто корисниците ќе го отклучуваат автомобилот и ќе го покренат директно од својот iPhone. Опцијата засега ќе функционира само за одбраните нови модели на BMW автомобилите.

Мора да се спомне и редизајнираниот интерфејс на виртуелниот асистент Siri. Кога ќе ја повикате Siri, таа веќе нема да го покрие цел екран, туку само еден дел, што ќе го олесни користењето на другите апликации. iOS 14 е моментално достапен само за девелоперите, а корисниците во новите опции ќе може да уживаат во есен.

watchOS 7

Новата верзија на оперативен систем на Apple за смарт часовници автоматски детектира кога корисникот ги мие рацете и го вклучува одбројувањето за 20 секунди. Ако корисникот заврши со миењето пред истекот на времето, часовникот ќе го потсети да продолжи да ги мие.

Следењето на квалитетното спиење е новата опција исто така. Во комбинација со часовник и апликации на смартфон, корисниците може да одредат колку часа сакаат да спијат во текот на ноќта, а апликацијата преку совети и анализа на квалитетот на сонувањето, ќе ги советува што да направат за да ја реализираат таа цел.

macOS 11 Big Sur

Apple компјутерите добија нова верзија од својот оперативен систем, кој сега најмногу од било кога потсетува на iOS. Пред се, тоа се однесува на визуелниот впечаток и нови иконки на апликациите, но и можности што досега беа на располагање за мобилните корисници. Девелоперите се потрудиле преку платформата Mac Catalyst да го олеснат префрлањето на апликации од iPhone или iPad на Mac.

Збогум Intel

Apple уште претходно најави официјално дека нема да ги купува веќе процесорите на Intel за Mac компјутерите и ќе се сврти кон сопствениот Apple Silicon. Тим Кук за време на презентацијата соопшти дека Apple Silicon процесорите ќе имаат подобри графички перформанси, побрзо меморирање, подобрена ефикасност и многу повеќе.

Што значи тоа за корисниците? Со оглед на тоа што сите уреди на Apple - од Mac до iPhone и iPad ќе имаат слична архитектура на чип, корисниците ќе може да ги вклучуваат апликациите од своите Mac лаптопи. Првите уреди со Apple Silicon би требало да излезат на пазарот на крајот на 2020 година, при што преодниот период ќе трае околу 2 години.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.