Samsung Galaxy A серијата – Омилени смартфони за прифатлива цена

Објавено на 26.06.2020 07:30 во Рецензија


Samsung Galaxy A серијата – Омилени смартфони за прифатлива цена

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- А-серијата е ценовно прифатлива категорија со одлични перформанси;
- Големи дисплеи;
- Долготрајна батерија и брзо полнење;
- Беспрекорни камери;
- Одлични гејминг уреди;

 

Negatives:



Целата рецензија

Предводникот на иновативната серија е Samsung Galaxy A51, а тука е уникатниот Galaxy A71, Galaxy A41 и Galaxy A21s. 

Must have иновации со одлични перформанси

Од голем прекрасен екран до непречена ефикасност, A серијата ни дава се што ќе посакаме од смартфон во уникатниот пакет по прифатлива цена. Infinity-O екранот од раб до раб на Galaxy A51 уредот ја оптимизира  визуелната симетрија. Сега можеме да гејмаме, гледаме, сурфаме и мултитаскаме без прекин на екранот со широк формат со дијагонала од 6,5“ и FHD+ резолуција, чија рамка е сведена на најмала можна мерка.

Камери за напредно снимање

Со четири врвни камери, Galaxy A71 и Galaxy A51 се идеални за снимање на најважните моменти во животот, независно дали е ден или ноќ. Со главната камера, ултра широки, макро и длабочински камери во комбинација со интелигентните спецификации, овие уреди овозможуваат креирање на врвни фотографии со јасни и живописни детали. Главната камера фотографира восхитувачки фотографии со 64-мегапикселна камера на Galaxy A71 и 48-мегапикселна камера на Galaxy A51 уредот.

Ултрашироката камера со своето видно поле од 123 степени е создадена да креира слика широка онолку колку што човечкото око гледа. Макро камерата ги доближува предметите со кристално јасен фокус за снимање и на најмалиот детал, додека длабочинската камера им овозможува на предметите да се истакнат со помош на Live Focus ефектот.

Едноставно снимање селфи што привлекува внимание

Ако сакате да снимате совршено селфи, Galaxy A41 е уред како створен за вас. Неговата 25-мегапикселна предна камера ви помага да снимате јасни фотографии во висока резолуција за неверојатен изглед на фотографии снимени во текот на денот, а функцијата за изострување во живо ја замаглува позадината и ве претвара во ѕвезда.

Максимални перформанси со Game Booster

За да ги играте вашите омилени игри без проблем, максимално искористете ги перформансите на уредот од Galaxy A серијата со помош на Game Booster функцијата, која ги памти вашите начини на употреба, и во согласност со тоа ја оптимизира батеријата, температурата и меморијата. Функцијата за изострување на сликичките (Frame Booster) овозможува графика со мазни движења како во реалноста.

Долготрајна батерија без дополнително полнење

Поминете го времето безгрижно играјќи игрички и снимајќи видео записи, благодарение на долготрајната батерија од 5000mAh на Galaxy A21s уредот. Брзото полнење од 15W овозможува брза достапност на уредот. Просторот од 64GB внатрешна меморија и 512GB надворешна меморија е одлична вест за сите оние што не сакаат да имаат проблеми со полна меморија.

И покрај малите разлики, уредите од Samsung Galaxy A серијата се вчитуваат со сличностите во облик на одличните можности на камерата, големиот екран со одлични можности на камерата, големиот екран што овозможува врвно визуелно доживување и издржлива батерија. Знаеме дека нема да биде лесно, но одберете го onaj што најмногу ги исполнува сите ваши очекувања и почнете ја летната авантура.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.