Тастатурата е повалкана од WC школка - Како да ја исчистите

Објавено на 29.06.2020 07:30 во Рецензија


Тастатурата е повалкана од WC школка - Како да ја исчистите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Чистење на тастатурата за заштита од бактерии;

 

Negatives:



Целата рецензија

Без оглед колку внимавате на неа, вашата компјутерска тастатура порано или подоцна ќе се извалка. Без оглед дали станува збор за лепливи копчиња поради истурен сок, ронки од леб или маснотии, таквото сценарио никој не може да го избегне.

Валканиците и остатоците од храна се „плодна почва“ за бактериите, кои може да станат и проблем за вашето здравје ако не ја одржавате вашата тастатура. Сите тастатури не се исти со простор меѓу типките, но методите на чистење се за било која тастатура. Најдобро би било пред секое користење на тастатурата да ги измиете рацете.

Пред да почнете да ја чистите тастатурата, исклучете го компјутерот, а кај лаптопите е пожелно да ја извадите и батеријата поради заштита. Свртете ја тастатурата наопаку, растресете ја и тапкајте ја. Ќе бидете изненадени колку ѓубре ќе излезе. Ова не е многу практично за лаптопите. Правосмукалката е добра замена за овој начин на чистење.

Лименка спреј со компримиран воздух може да купите во било која продавница со компјутерска опрема, а тој доаѓа со долга цевка, која може да се искористи за длабочинско чистење на тастатурата. Се што треба да направите е да ја растресете лименката и да го пуштите воздухот да ги отпуши и исчисти каналчињата и под типките на тастатурата. 

Многу е важно само да се внимава да не влезе влага во компонентите под типките, па затоа со нанесувањето на средства не треба да се претерува. Научните истражувања покажуваат дека тастатурите се повалкани од WC школката, па чистењето со антибактериски влажни рабови или медицински алкохол има смисла. Се препорачува отстранување на самите типки, но тоа не е неопходно. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.