Вештачката интелигенција ќе ја оценува продуктивноста на вработените

Објавено на 28.06.2020 15:43 во Рецензија


Вештачката интелигенција ќе ја оценува продуктивноста на вработените

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Зголемување на ефикасноста кај човекот;

 

Negatives:

- Губење на човечкото суштество кај вработениот и настапување на роботиката на сцена; 



Целата рецензија

Отсега ќе има целосен надзор на вработените за продуктивноста на вработените. Како ќе се чувствувате ако цело време некој стои до вас на работата, ќе ве надгледува и ќе ви зборува како да работите подобро и поефикасно?

Секој обид за зголемување на продуктивноста е за пофалба, но тешко дека би се чувствувале удобно дека константно сте под надзор од надредените. Дали им се допаѓа тоа на луѓето или не, изгледа дека кај компаниите тоа ќе стане стандард, со тоа што вработените ќе ги надгледува и проценува - вештачката интелигенција.

Минатите неколку месеци кога вработените почнале да работат од дома, забележана е голема побарувачка за софтвер за надзор. Шефовите на компаниите и одделите биле во страв дека продуктивноста на вработените ќе биде многу помала од домашните уреди, па така почнале да применуваат различни тактики и софтвери со коишто би можеле да ги надгледуваат. Како што работата од дома ќе стане нормално нешто и после „корона кризата“, така и ќе почне да се проширува софтверот за надзор и следење на работата на вработените, уверен е извршниот директор на компанијата Enaible, Томи Веир.  

Платформата на Веир нема да следи само користење мејлови и алатки како што се Slack, Zom и слично, оти врз основа на таквите информации нема да може да се знае квалитетот на извршената работа, смета Веир. Софтверот за надзор е активен цело време и во позадина ги следи сите податоци врз основа на што може да се мери ефикасноста и продуктивноста на луѓето. Ја следи реакцијата на корисниците на различни задачи што ги добива преку мејл и телефон и брзината потребна за решавање на тие задачи.

Врз основа на сите активности, вештачката интелигенција им доделува на вработените и оцена за продуктивност. Врз основа на таа оцена, менаџерите полесно ќе може да донесат одлука со којашто ќе ги задржи вработените, кои ќе ги отпушти, коментираат на MIT Technology Review. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.